Мухал

From Wikipedia, the free encyclopedia

Мухалmap
Remove ads

Мухал (грчки: Βουνοχώρι, Вунохори[2]) — село во Општина Кавала во Кавалскиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Источна Македонија и Тракија, Грција.

Кратки факти Мухал Βουνοχώρι, Земја ...
Remove ads

Географија и местоположба

Селото се наоѓа на 25 километри северно од градот Кавала на надморска височина од 810 метри.

Историја

Отоманско Царство

Селото во текот на XIX век се наоѓало во Кавалската каза во составот на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година, селото имало 500 Турци[3].

Грција

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција.

Според Лозанскиот договор потпишан помеѓу Турција и Грција, во селото било населено грчко население од Турција, додека муслиманското население ги напуштило своите домови.

Во 1927 година, селото било преименувано во Вунохори[4].

Remove ads

Демографија

Во 1928 година во селото биле сместени 41 грчки семејства со 165 лица[2][5]. Во 1928 година, бројот на населението бил 172 лица, додека во 1940 година селото броело 257 жители.

Селото според пописот од 1951 година броело 205 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 244 жители, во 1971 година имало 239 жители, во 1981 година имало 122 жители, додека во 1991 година имало 111 жители[6]. Денеска, населението на селото е 108 жители според пописот од 2011 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads