Намаз (храна)

From Wikipedia, the free encyclopedia

Намаз (храна)
Remove ads

Намаз[1]храна која, поради својата конзистенција, лесно се нанесува на леб и други производи направени од разни житарки, како што се лепчиња, двојно печен леб, бисквити (на пр. крекери), печиво од лиснато тесто или палачинки.

Thumb
Ајварот како намаз

Намазите можат да бидат благи или солени, од растително или животинско потекло. Можни се и мешани облици. Се подготвуваат индустриски, а има и домашни намази подготвени според различни рецепти.

Remove ads

Солени намази

Thumb
Хумус

Солените намази може да се подготват од риба (на пр. конзервирана туна или харинги, лосос), месо (на пр. татарски бифтек направен од свежо сирово говедско месо), џигер во облик на разни паштети, повеќе или помалку лути, во зависност од зачините што им се додаваат.

Различни намази на растителна основа како што се хумус (ориентален намаз од наут), намази со свежо сирење или горгонѕола, кромид и путер или маргарин обично можат да послужат како независен намаз или како основа на мешавина.

Исто така, салото може да се користи како намаз или основа на која се додаваат ситно сечкани пршки, пипер и други зачини.

Вегетаријанските намази обично се прават од свежо тофу, разни видови зеленчук (на пр. модар патлиџан, авокадо, печурки, грав), со додавање на семки (на пр. тиква, сончоглед, сусам, бадем) и разни зачини. Омилени вегетаријански намази се путер од кикиритки или сусам.

Вообичаени состојки на разни намази се ситно сечкани кисели краставички, феферони, рен, маслинки, лук, сок од лимон, јајца (кои исто така можат да бидат главна состојка на намазот), кисела или слатка павлака, мајонез, сенф, разни видови масла за јадење, оцет, а најчестите зачини се сол, бибер, лута или слатка пиперка, свеж босилек, магдонос, целер, соин сос, ворчестер или табаско сос, коњак, вино.

Во Мексико, традиционално се прави намаз (сос) чија главна состојка е авокадото.

Remove ads

Благи намази

Thumb
Сладок намаз од мармалад

Природни благи намази се медот, јаворовиот сируп, разни домашни или индустриски подготвени мармалади, џемови, пекмези, потоа путер од кикиритки и лешници, намази од лешници, рогач или чоколадни намази. Некои од овие намази се намачкуваат независно на леб или друго печиво, а некои на леб веќе премачкан со путер или маргарин.

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads