Небесна сфера

From Wikipedia, the free encyclopedia

Небесна сфера
Remove ads

Nебесна сфера — замислена сфераастрономијата и морепловството со произволно голем полупречник која е концентрична на Земјата и се врти на оска. Сите објекти на небото можат да се сфатат како да се проектирани на оваа небесна сфера. Небесниот екватор и небесните полови се нагорно проектирани од Земјиниот екватор и нејзините полови. Небесната сфера претставува мошне практично помагало во положбената астрономија.

Thumb
Небесната сфера со нејзиниот екватор.

Евдоксиевиот планетарен модел, на кој се засноваат Аристотеловиот и Птоломеевиот модел, е првото геометриско толкување за „скитањето“ на планетите.[1] Се сметало дека на најнадворешната од овие „кристални сфери“ биле сместени неподвижните ѕвезди. Евдокс одговорил на Платоновиот предизвик: „Со какви рамномерни и складни движења можеме да ги протолкуваме привидното движење на планетите?“[2] користејќи се со 27 сферни тела.

Remove ads

Ефекти на паралакса

Thumb
Ориентација на галактичкиот, еклиптичкиот и екваторскиот координатен систем проектирани на небесната сфера.

Небесната сфера може да се користи од геоцентрично и топоцентрично гледиште. Во првиот случај во средиштето се наоѓа замислен набљудувач во центарот на Земјата, и затоа не се земаат предвид ефектите на паралакса. Во вториот случај набљудувачот е на површината на земјата, и тогаш хоризонталната паралакса не може секогаш да се занемари, особено кога се работи за Месечината.

Remove ads

Небесни полутопки

Небесната сфера се дели на две полутопки (полутопки): северна и јужна. Располовена е во местото кајшто ја сече екваторот, и на овој начин можеме да ги пронајдеме и северниот и јужниот небесен повратник и северниот и јужниот небесен пол. Положбите и одредниците на разни објекти на небото се утврдуваат со помош на небесен координатен систем.

Небесната полутопка од гледиште на набљудувачот почесто се нарекува небесен свод[3].

Remove ads

Ѕвездено време

Бидејќи Земјата околу прави едно свртување околу својата оска на секои 24 часа од запад кон исток, нам ни изгледа дека небесната сфера и сите објекти на неа се вртат од исток кон запад околу небесните полови. Ова е дневното движење. Затоа ѕвездите изгреваат на исток, ја достигнуваат врвната точка на линијата север-југ (меридијанот) и заоѓаат на запад (со исклучок на околуполарните т.е. незаоѓачки ѕвезди). Следната ноќ извесна ѕвезда повторно ќе изгрее, но нашите обични чесовници (со 24 часа 0 минути) ќе покажат дека ѕвездата изгреала 4 минути порано. Следната ноќ разликата ќе биде 8 минути, и сè така за секоја следна ноќ (или ден).

Причината за оваа недоследност е фактот што на небесната сфера Сонцето не стои мирно како другите ѕвезди, туку се движи на исток за околу 1° дневно долж голема кружница наречена еклиптика (правејќи 360° или цел круг за една година). Бидејќи аголот од 1° соодветствува на 4 минути време (360° = 24 часа), потребни ни се 4 дополнителни минути дневно движење за да го видиме Сонцето повторно на истото место. Со тоа едно свртување трае точно 24 часа (во просек, занемарувајќи ги ситните сезонски варијации)

Од оваа причина, обичните часовници покажуваат сончево време. Астрономите што го изучуваат движењето на ѕвездите мерат во ѕвездено време, каде објектите се свртуваат еднаш на 23 часа и 56 минути (наше време).

Ѕвезден глобус

Thumb
Небесен глобус изработен од швајцарскиот математичар Јост Бирги (1594)

Небесната сфера може да се претстави и на макета наречена ѕвезден глобус. На топките на ваквите глобуси се исцртани соѕвездијата, отсликувајќи го она што можеме да го видиме од Земјата. Најстариот зачуван примерок е скулптурата Фарнезински Атлас, и копија од II век на постаро вајарско дело од хеленистичкиот период, изработено околу 120 п.н.е.).

Remove ads

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads