Поплави во Македонија (2016)

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Поплави во Македонијавременска непогода која на 6 август 2016 година го зафатило најпрвин Полошкиот, а подоцна со поголем интензитет целиот Скопски Регион. Во текот на 24 часа на 6 август во Скопје наврнале 93 литри на метар квадратен,[1] а во текот на првите два часа од почетокот на невремето удриле над 800 молњи и громови.[2]

Кратки факти Датум, Место ...

Од Министерството за внатрешни работи информирале дека се пријавени 22 загинати лица во реоните на селата Сингелиќ, Стајковци, Смилковци , Црешево[3] и Арачиново[4] од кои 20 се идентификувани, а 4 лица се водат како исчезнати.[5]

На скопските клиники биле примени 22 повредени. Од кризниот штаб информираат дека над 1.000 граѓани биле евакуирани во текот на ноќта на 6 август.[2] Граѓаните, преку социјалните мрежи се организирале за да отворат пунктови за помош на настраданите.[6] На вонредна седница Владата на РМ прогласила кризна состојба во регионот на Скопје и Тетово, во траење од 15 дена, а 8 август 2016 го прогласила за ден на жалост на целата територија на Македонија.[7][8]

Шест дена по поплавата, на 12 август, во Општина Аеродром почнала дезинфекција на исчистените домови, кои биле зафатени од поплавата.[9]

Remove ads

Жртви

Официјалниот број на загинати граѓани во целиот Скопски Регион до 9 август 2016 година изнесувал 21 лице.[10] Најголем дел од нив биле возрасни граѓани, од кои најчесто болни и изнемоштени. Најмладата жртва во невремето било двегодишно дете. Според кажувања на мештаните, најголемиот дел од загинатите граѓани се удавиле во сопствените домови или водата ги понела низ улиците кога излегле од своите автомобили.[10]

Напладне на 9 август 2016 година била пронајдена и 22. жртва, 12-годишно дете од селото Стајковци, кое го пронашол неговиот татко.[11] Истиот ден починале уште три лица од срцев удар поради стресот и загубите што ги претрпеле.[12]

Remove ads

Меѓународни реакции

  • Австрија Министерот за надворешни работи на Австрија Себастијан Курц доделил помош од 500.000 евра на македонскиот Црвен Крст.[13]
  • Бугарија На 8 август екипи од бугарски пожарникари и спасувачи пристигнуваат во Скопје за да им помогнат на настраданите.[14]
  • Германија Амбасадата на Германија во Македонија изразила сочувство за жртвите од поплавите во скопско и тетовско.[15]
  • Грција Министерството за надворешни работи на Грција изразило сочувство до Македонија за починатите во поплавите во Скопје.[16]
  • Европска Унија Еврокомесарот Јоханес Хан изразил сочувство до семејствата на жртвите од невремето во Македонија, објавувајќи порака преку социјалната мрежа Твитер.[17]
  • Косово Косовскиот премиер Иса Мустафа изразил сочувство до семејствата на настраданите во Скопје и искажал подготвеност на неговата земја да ѝ помогне на Македонија.[18]
  • САД Обединето Кралство Амбасадорите на САД и Велика Британија во Македонија преку Твитер искажале сочувство за семејствата на загинатите и за сите погодени од невремето.
  • Србија Српскиот премиер Александар Вучиќ до премиерот Емил Димитриев испратил телеграма со сочувство.[19] Српското МВР испратило околу 20 полицијаци од пожарникарско-спасувачките единици, теренски возила и камиони со опрема и пумпи, помош во механизација и луѓе за санирање на последиците од поплавите.[20]
  • Украина Амбасада на Украина во Македонија изразила длабоко сочувство на семеjствата на загинатите и настраданите за време на невреме.[21]
  • Холандија Министерот за надворешни работи на Холандија Берт Кундерс изразила сочувство до граѓаните на Македонија.[22]
Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads