Ненад Стојановски

From Wikipedia, the free encyclopedia

Ненад Стојановски
Remove ads

Ненад Стојановски (Скопје, 19 август 1952 Скопје, 14 јули 1998 ) — македонски театарски, филмски и телевизиски глумец. Бил оженет со глумицата Силвија Стојановска и имале две ќерки Ана и Јана[1], кои денес се познати глумици во Македонија.

Remove ads

Животопис

По членувањето во Детската радио-драма и во експерименталните аматерски драмски состави „Кактус“ и „Кај Св. Никита Голтарот“, а по завршувањето на Факултетот за драмски уметности, Ненад Стојановски настапувал на сцената на Драмскиот театар - Скопје, а гостувал и на повеќе други сцени.

Повеќе пати настапувал на Дубровничките и Сплитските летни игри, а учествувал и во повеќе проекти при Драмата на Македонскиот народен театар.

Добитник е на голем број високи сојузни и републички награди и признанија: две Стериини награди, највисокото општествено признание на Македонија, Наградата „11 Октомври“, Наградата на „Млад борец“, на ревијата „Екран“ за најпопуларно филмско и ТВ лице и на Театарските игри „Војдан Чернодрински“ во Прилеп.

Во 1985 година е прогласен за глумец на годината според ревијата „Екран“, добитник е на Наградата на весникот „Дневник“ од Нови Сад, добитник на „Златен медал“ на Театарските свечености во Шабац, за улогата во претставата „Кула Вавилонска“.

Починал ненадејно на 14 јули 1998 година во Скопје.

Remove ads

Филмографија

Година Филм Улога
1975Илинка ТВ-филмДејан
1976Цимерите од соба 306 ТВ-филм
1977Пресуда ТВ-филм
1977Сослушувањето на железничарот ТВ-филм
1981Лет во место ТВ-филмМихајло
1982Илинден ТВ-серијаОрце
1983Записник ТВ-филм
1983Премиера ТВ-филмВојдан Чернодрински
1984Јуначко колено ТВ-серијаУчителот
1984Лет во место ТВ-филм
1984Диво месо ТВ-филмАндреја
1984Дупло дно ТВ-филмЈаков 3
1984Камчевци ТВ-серија
1985На наш начин ТВ-филмЗаписничарот
1985Од зад грб ТВ-филмСанде
1985Тетовирани души ТВ-филмВојдан
1985Трговецот од Солун ТВ-филмГоце Делчев
1985Бушава азбука ТВ-серија
1986Состојба пред инфаркт ТВ-филмОгнен Георгиевски
1987Трето доба ТВ-филм
1987Смртта на Дантон ТВ-филмДантон
1987Народни трибуни ТВ-серија
1987Хај-фај ТВ-филмМатеј
1988Скопски сновиденија ТВ-филмЛиковен уметник
1988Мојсие од моето масло ТВ-филмГрадоначалник
1988Црна дупка ТВ-филмСилјан
1989Тврдокорни ТВ-серијаЃурчин Наумов Пијакот
1989Еурека ТВ-серијаЛеонардо Да Винчи
1990Трст виа Скопје ТВ-серијаКирил
1990До, ре, ми ТВ-серијаУметникот
1990Кула вавилонска ТВ-филмМанјан
1990-1991Опстанок ТВ-серијаУчител
1991Болва в' уво ТВ-филм
1991Царуга ТВ-филмЛајтнант
1992Заминување од Пасквелија ТВ-филмРастаков
1992Време, живот ТВ-филм
1992Сили во воздухот ТВ-филмМиле
1992Чернодрински се враќа дома ТВ-филм
1993Грев или сприцер ТВ-филмКрсте Сприцер
1994Прекалени ТВ-серијаМарко Цепенков
1997Ojdipus Tiranos Sofocleus ТВ-филмТајресија
1997Добредојдовте во Сарајево ТВ-филм
1998Збогум на 20-тиот век ТВ-филмЧовекот со железната рака
1998Бегство ТВ-филмРоман Валеријановиќ Хлудов
1999Време, живот ТВ-филм
Remove ads

Награди

  • Награда на Фестивалот „Стериино позорје“ за улогата на Андреја во претставата „Диво месо“ (Нови Сад, 1980);
  • Награда за најдобар млад глумец на Македонскиот театарски фестивал (МТФ) „Војдан Чернодрински“ за улогата на Козаков во претставата „Бркотница“, (Прилеп, 1981);
  • Награда за најдобра епизодна улога на МТФ „Војдан Чернодрински“ за улогата на Козаков во претставата „Бркотница“ (Прилеп, 1981);
  • Награда за глумечко остварување на МТФ „Војдан Чернодрински“ за улогата на Пиги во претставата „Среќна Нова '49“ (Прилеп, 1985);
  • Награда 11 Октомври за улогата на Јаков III во претставата „Дупло дно“ (1985);
  • Награда за најдобро глумечко остварување на ревијата Екран за улогата на Пиги во претставата „Среќна Нова '49“ (1986);
  • Награда од списанието Дневник од Нови Сад за најдобро глумечко остварување на Фестивалот „Стериино позорје“ за улогата на Миле во претставата „Сили во воздухот“ (Нови Сад, 1989);
  • Златен медал на Театарските свечености „Љубиша Јовановиќ“, за улогата на Дамјан во претставата „Кула вавилонска“ (Шабац, 1990).[2]

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads