Нигослав

село во Нигритско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Нигославmap
Remove ads

Нигослав (грчки: Νικόκλεια, Никоклија, до 1926 г. Νικοσλάβη, Никослави[2]) — село во Нигритско, Егејска Македонија, денес во општината Визалтија на Серскиот округ, Грција. Било населено со македонско мнозинство и турско малцинство. Дел од Македонците биле погрчени, поради што во некои извори ги претставуваат како Грци.

Кратки факти Нигослав Νικόκλεια, Земја ...
Remove ads

Географија

Селото се наоѓа во Серското Поле, северозападно од градот Нигрита.

Историја

Антика и средновековие

На 4 км југозападно од Нигослав, на Богданска Планина се наоѓа античката и средновековна тврдина Хисар (Исар), која може да е античкиот град Алор.[3]

Во Отоманското Царство

Во XIX и почетокот на XX век Нигослав било село во Серската каза. Во 1835 г. е изградена црквата „Св. Димитриј“.[4]

Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Нигослав (Nigoslav) има 60 домакинства с 128 жители „Грци“ и 40 муслимани.[5] Во 1889 г. Стефан Верковиќ („Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“) напишал за Нигослав:

Нигослав е мешано село; една црква, една џамија; христијаните се Грци, муслиманите — Турци Коњари; оддалечен на 2 часа од Нигрита.[6]

Во 1891 г. Георги Стрезов напишал за селото:

Негослав, населено от турци и гърци, 4 часа на ЮЗ от Сяр, 1 час от Чупришта. Патот е рамен и добар лете; зиме не чини. Негослав е сместен во пазувите на планината; ги произведува сите лебни растенија и секакви овоштија, кои се распродаваат по Сер и Солун. Грчка црква; 20 куќи Турци; 25 Грци и 20 Македонци.[7][8]

Според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) на почетокот на XX век Њагослав имал 130 Македонци христијани, 120 Турци и 200 Грци.[9]

По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Никослав (Nikoslav) живееле 425 „Грци“.[10]

Во Грција

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година населението броело 459 жители, а во 1920 г. тие пораснале на 554 лица.[11] Во 1926 г. селото е преименувано во Никоклија. Во 1923 г. турското население е иселено во Турција по сила на Лозанскиот договор. На нивно место во се доведени грчки колонисти. На пописот од 1928 г. Нигослав е претставен како мешано мештанско-дојденско село со вкупно 839 жители, од кои 84 дојденци (20 семејства), а останатите староседелци.[12]

Повеќе информации Име, Грчки ...
Remove ads

Население

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Општествени установи

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads