Никиштане

село во Општина Ѓорче Петров From Wikipedia, the free encyclopedia

Никиштанеmap
Remove ads

Никиштане — село во Општина Ѓорче Петров, во околината на градот Скопје.

Кратки факти
Remove ads

Географија и местоположба

Селото се наоѓа во северозападниот дел од Скопската Котлина, од десната страна на реката Лепенец, а на територија на Општина Ѓорче Петров.[2] Селото е ридско, на надморска височина од 680 метри.[2] Селото се наоѓа на 15 километри североисточно од градот Скопје.

Атарот зафаќа површина од 12,3 км2. На него преовладуваат пасиштата на површина од 583 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 274 хектари, а на шумите 215 хектари.[2]

Remove ads

Историја

Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Скопскиот Вилает и имало 42 христијански семејства и 3 вдовици христијани.[3]

Во XIX век, селото е дел од нахијата Кара Даг во Скопската каза во Отоманското Царство.

Стопанство

Селото има мешовита полјоделско-сточарска функција.[2]

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било мешано со христијанско и муслиманско население, каде имало 6 христијански[4] и 11 муслимански[5] домаќинства. На овој попис биле забележани 19 мажи христијани, без новороденчиња и 52 мажи муслимани со 5 новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 152 жители.

Стефан Верковиќ во 1857 го бележи со 209 жители.[6]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Никиштане имало 125 жители, од кои 75 Македонци христијани и 50 Турци.[7]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија во 1931 година, селото имало 450 Албанци.[8]

Никиштане во 1961 година броело 618 жители, додека во 1994 година бројот се зголемил на 1.010 жители, исклучиво албанско население.[2]

Пописот од 1991 година не бил одржан во селото Богдево, бидејќи неговото население одбило да учествува, односно го бојкотирало неговото одржување, поради што за таа пописна година, за селото нема податоци.[заб 1]

Според пописот од 2002 година, во селото Никиштане имало 1.114 жители, од кои 1.113 Албанци и 1 останат.[9]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 1.127 жители, од кои 1.084 Албанци и 43 лица без податоци.[10]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[11]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[12]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]

Родови

Никиштани е македонско село со доминантно албанско население.

Според истражувањата од 1948 година, родови во селото:

  • Доселеници: Исманоски (13 к.), Исеиноски (23 к.) и Бајрамоски (13 к.) потекнуваат од фисот Красниќи во северна Албанија. Овие три родови се намножиле од предокот Мемет. Тој имал три сина. Исман, Исен и Бајрам; Џафероски (14 к.) доселени се од некое село Тоља кај Пешкопеја, северна Албанија. Од таму се иселиле тројца браќа. Едниот се населил во Никиштани, вториот во Грачани, а третиот во Радуша. Овде живеат од првата половина на XIX век. Го знаат следното родословие: Асип (жив на 40 г. во 1948 година) Вели-Сулејман-Џафер, кој се доселил; Мамутоски (8 к.) потекнуваат од фисот Красниќи во северна Албанија; Оџини (1 к.) доселени се од Скопје. Подалечното потекло е непознато.[15]
Remove ads

Општествени установи

Самоуправа и политика

Селото влегува во рамките на Општина Ѓорче Петров, една од десетте градски општини на Град Скопје, која не била променета по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било исто така во рамките на Општина Ѓорче Петров.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Идадија. Селото припаѓало на некогашната општина Ѓорче Петров во периодот од 1955 до 1965 година.

Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Волково, во која покрај селото Кучково, се наоѓале и селата Волково, Грачани, Никиштани и Орман. Општината Волково постоела и во периодот 1950-1952 година.

Избирачко место

Селото е опфатено во склоп на избирачкото место бр. 2584 според Државната изборна комисија, кое е сместено во основното училиште во селото Никиштане.[17]

На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 916 гласачи.[18]

Remove ads

Иселеништво

Пред да се населат муслиманските Албанци во селото, тоа било населено со православно македонско население. Но Македонците почнале да се иселуваат од селото. Сега се знае за иселеници во Ново Село (Никиштанци или Цветановци) и во селото Бразда (Славковци и Пејковци). Во селото постоел и родот Митреви, чија куќа се знаело каде се наоѓа.[15]

Културни и природни знаменитости

Џамии[19]
  • Џамија — селска џамија

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads