Николо Бонифацио
италијански велосипедист From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Николо Бонифацио (италијански: Niccolò Bonifazio; р. 9 октомври 1993 ) — италијански професионален друмски велосипедист, кој моментално вози за професионалната континентална екипа Тим ТоталЕнержи.[1]
Remove ads
Кариера
2013
Професионалната кариера на Бонифацио започнала во 2013 година, кога започнал да вози како стажант во екипата Лампре-Мерида.
2014
Следната година се приклучил како редовен возач во екипата. Во септември 2014 година, Бонифацио ја освоил најголемата победа во неговата кариера дотогаш, победувајќи на Копа Агостони при масовен спринт. Покрај тоа, освоил етапа на Трката околу Јапонија и три етапи и второто место на Трката околу Хајнан.[2]
2015
Во 2015 година освоил уште една трка, Гран Премио ди Лугано, исто така во спринт. Бонифацио завршил трет на Копа Уго Агостони, која ја освоил претходната година. Завршил на петтото место на Милано-Санремо.
2016
Во август 2015 година било објавено дека Бонифацио ќе се приклучи на Трек Фактори Рејсинг за сезоната 2016.[3] Бонифацио завршил повеќепати меѓу првите десет на разни трки, како петтото место на Схелдепрејс, третото на Големата океанска друмска трка „Кедел Еванс“ и шестото на Курне-Брисел-Курне. Бил именуван во почетниот состав за Вуелта а Еспања 2016,[4] но ја напуштил трката на седмата етапа.[5]
2018
Во мај 2018 година бил вклучен во почетниот состав за Џиро д’Италија 2018.[6]
2019
Во јули 2019 година бил именуван во почетниот состав за Тур де Франс 2019.[7]
Remove ads
Достигнувања
- 2010
- 7. Трофео Сан Роко
- 10. Пикола Тре Вали Варезине
- 2011
- 1. ГП дел’Арно
- 1. Етапа 3 Трка околу Истра
- 2012
- 9. Европско првенство во друмски велосипедизам под 23 години
- 2013
- 1. Етапа 2 Куп де натионс Вил Сакене
- 2014
- 1. Копа Агостони
- 1. Етапа 6 Трка околу Јапонија
- 2. Краен пласман Трка околу Хајнан
- 1. Етапа 2
- 1. Етапа 6
- 1. Етапа 8
- 6. ГП Бруно Бегели
- 8. Копа Сабатини
- 2015
- 1. Гран Премио ди Лугано
- 1. Етапа 7 Трка околу Јапонија
- 3. Гран Премио дела Коста Етруски
- 3. Копа Уго Агостони
- 5. Милано-Санремо
- 8. Копа Берноки
- 9. Ватенфал Класик
- 2016
- 1. Етапа 3 Трка околу Полска
- 3. Голема океанска друмска трка „Кедел Еванс“
- 5. Шелдепрејс
- 6. Курне-Брисел-Курне
- 2017
- 3. ГП Кантон Аргау
- 4. Пиплс Чојс Класик
- 2018
- 1. Етапа 1 Трка околу Хрватска
- 9. Јуроајс Класик
- 2019
- 1.
Краен пласман Ла Тропикал Амиса Бонго
- 1. ГП Џеф Схеренс
- 1. Омлоп Мандел-Леје-Схелде
- Вуелта а ла Комунидад де Мадрид
- 10. Минстерланд Џиро
- 2020
- 1. Етапа 5 Париз-Ница
- 1. Етапа 2 Трка Саудиска Арабија
Распоред на резултатите на големите трки
СО = се откажал; — = не учествувал
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads