Париз-Ница 2020

78. издание на велосипедската трка From Wikipedia, the free encyclopedia

Париз-Ница 2020
Remove ads

Париз-Ница 2020 — 78. издание на велосипедската етапна трка Париз-Ница, која се одржала помеѓу 8 и 14 март како петти настан во сезоната на Светската турнеја.[1] Трката била скратена на 13 март, отстранувајќи ја последната етапа, поради растечките грижи за пандемијата на коронавирус 2019-20. Здравствената состојба низ светот довела до повлекување на неколку екипи пред и за време на трката.

Кратки факти

Трката била освоена од Максимилијан Шахман од екипата Бора-Хансгрое.

Remove ads

Екипи

Бидејќи Париз-Ница е настан од Светската турнеја, сите деветнаесет UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и се обврзани да учествуваат на трката.[2] Сепак, поради состојбата низ светот со пандемијата на коронавирусот, само дванаесет екипи од нив настапиле, како и пет други професионални континентални екипи. Екипи кои се повлекле поради пандемијата на коронавирус 2019-20 биле Астана, Сиркус-Ванти Гобер, Мичелтон-Скот, Мовистар Тим, Тим Инеос, Џамбо-Висма и ОАЕ Тим Емирати.[3][4][5] На самата трка, многу возачи и екипи одбрале да се повлечат, вклучувајќи ги Бахреин-Мекларен, Израел старт-ап нејшн и моменталниот светски друмски првак Мадс Педерсен, поради самиот вирус.[6][7] Поради тоа, од 136 возачи кои ја започнале трката, само 61 од нив завршиле.

Екипи од Светската турнеја на UCI (12)ProTeams (5)
Remove ads

Рута

Повеќе информации Етапа, Датум ...
Remove ads

Етапи

Етапа 1


Етапа 2


Етапа 3


Етапа 4


Етапа 5


Етапа 6


Етапа 7

Повеќе информации Генерален пласман, Возач ...


Етапа 8

По петтата етапа била донесена одлука да се откаже осмата етапа со цел да се намали изложеноста на вработените и возачите во текот на пандемијата на коронавирус.[8]

Remove ads

Завршен пласман


Remove ads

Поредок

На Париз-Ница 2020 постоеле четири различни маички. За генералниот пласман, пресметуван преку додавање на завршните времиња на секој велосипедист на крајот на секоја етапа. Постоеле временски бонуси за првите тројца на друмските етапи: етапниот победник добивал десет секунди, додека второпласираниот и третопласираниот добивале шест односно четири секунди, соодветно. Временски бонуси добивале и првите тројца возачи на средниве спринтови — три секунди за победникот на спринтот, две секунди за вториот и една секунда за третиот возач. Предводникот на генералниот пласман ја добивал жолтата маичка.[9] Овој пласман бил сметан за најважен на Париз-Ница 2020 и победникот на пласманот бил сметан за победник на трката.

Повеќе информации Место, Добиени бодови ...

Дополнително, постоел бодовен пласман, каде била доделувана зелената маичка. Во бодовниот пласман, велосипедистите добивале бодови доколку завршеле во првите десет на етапите. За разлика од бодовниот пласман на Тур де Франс, видот на етапата немало влијание на бодовите кои се добивале  – секоја етапа имало подеднаков број на достапни бодови во ист сооднос. Исто така, бодови можеле да се добијат и на средниве спринтови; три бода доколку за првиот кој ќе ја помине линијата, два бода за вториот и еден за третиот.[9]

Повеќе информации Место, Бодови за категорија 1 ...

Имало и планински пласман, а предводникот во пласманот ја добивал белата маичка со црвени точки. Во планинскиот пласман, бодовите биле добивани доколку се стигне на врвот на искачувањето пред другите велосипедисти. Секое искачување било категоризирано со прва, втора или трета категорија, а бодовите биле сразмерно делени. На искачувањата од прва категорија, седум возачи освојувале бодови; на искачувањата од втора категорија пет возачи, а на искачувањата од трета категорија само тројца возачи освојувале бодови.[9]

Четвртата маичка го претставувала пласманот за млад возач, обележена со белата маичка. Пласманот се пресметувал на ист начин како генералниот пласман, но учествувале само возачи родени на или по 1 јануари 1995 година.[9]

Постоел и екипен пласман, во кој времињата биле додавани времињата на тројцата најдобри велосипедисти по екипа на секоја етапа; водечка екипа на крајот на трката била онаа со најмало вкупно време.[9]

Remove ads

Список на учесници

Повеќе информации Трек-СегафредоTFS, Аркеа-СамсикARK ...
Почетен состав
Remove ads

Белешки

  1. Етапата била откажана од организаторот ASO за да се спречи ширењето на вирусот САРС-Ков-2, одговорен за болеста ковид 2019.[8]

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads