Ново Село (Кумановско)
село во Општина Куманово From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Ново Село — село во Општина Куманово, во околината на градот Куманово.
За други истоимени места, погледајте Ново Село.
Remove ads
Географија и местоположба
Историја
Во времето на Османлиското Царство селото се викало Помак Ќој („Помачко Село“).
Стопанство
Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Ново Село живееле 250 жители, сите Македонци муслимани.[2]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 200 Македонци и 50 Турци.[3]
Според пописот од 2002 година, селото имало население од 274 жители, од кои 204 Срби и 70 Македонци.[4]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 277 жители, од кои 87 Македонци, 1 Албанец, 182 Срби, 1 останат и 6 лица без податоци.[5]
На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[6]
Родови
Ново Село е мешано село
Според истражувањата од 1965 година, родови во селото се:
Српски
- Младеновиќи (3 к.) и Тасиќи (2 к.) доселени се од селото Козји Дол во Горна Пчиња; Томиќи или Американци (2 к.) и Симоновиќи (1 к.) доселени се од селото Горна Трница во Горна Пчиња; Цветковци (3 к.), Цветковиќи (2 к.) и Качари (1 к.) доселени се од селото Широка Планина во Горна Пчиња; Митиќовци (6 к.), Тасиќевци (4 к.), Ристиќовци (4 к.), Арсиќи (3 к.), Антиќи (2 к.), Митиќи (1 к.), Стефановиќи (1 к.) и Стојковиќи (1 к.) доселени се од Трговиште; Кириќи (6 к.) и Панчиќи (1 к.) доселени се од селото Станичење кај Пирот; Црновршани (6 к.) доселени се од Црн Врх кај Пирот; Топлодолци (3 к.) доселени се од селото Топли Дол кај Пирот; Петровиќи (1 к.) доселени се од селото Мирковци кај Пирот; Гостушани (2 к.) доселени се од селото Гостуша кај Пирот; Здравковиќи (1 к.) доселени се од селото Ораховац кај Пирот; Младеновиќи (1 к.) доселени се од селото Ѓоштице кај Пирот; Крстиќи (1 к.) доселени се од селото Заскоци кај Пирот; Стојковиќи (2 к.) доселени се од селото Топонице кај Бела Паланка; Јеремиќи (1 к.) родот го основал домазет доселен од селото Умин Дол. Право потекло од Лика во Хрватска.
Македонски
- Крстиќи (2 к.) доселени се од селото Отошница кај Крива Паланка; Стојмен (1 к.) доселени се од селото Градец кај Крива Паланка; Крстиќи (2 к.) доселени се од селото Страцин кај Кратово.[7]
Remove ads
Општествени установи
Самоуправа и политика
Културни и природни знаменитости
Редовни настани
Личности
Култура и спорт
Иселеништво
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads