ОУ „Васил Главинов“ - Велес
основно училиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Основно училиште „Васил Главинов“ (официјално: Основно општинско училиште „Васил Главинов“ - Велес; скратено: ООУ „Васил Главинов“) — централно основно училиште во градот Велес, Општина Велес.[1]
За други значења на поимот, погл. ОУ „Васил Главинов“.
Училиштето е именувано по истакнатиот македонски социјалист и поборник за работнички права Васил Главинов.
Remove ads
Местоположба
Централното училиште се наоѓа во новиот дел од градот.
Историја
Училиштето е деветогодишно, чија основна дејност е воспитно-образовна на ученици од I - IX одделение. Училиштето е основано од Општина Велес на 23 октомври 1955 година. Работата ја започнува со 22 паралелки од 1 до 9 одделение со 700 ученици и 30 наставници. Училиштето е верифицирано е со Решение бр.10-942/3 од 8 јуни 1994 година на Министерството за образование и физичка култура на Република Македонија.[2]
- Досегашни директори
- Мирко Мицев (1955-1956);
- Иван Синадиновски (1956-1984);
- Атанас Јанакиев (1984-1996);
- Иван Домазетов (1997-1999);
- Мерџана Челева (1999-2003);
- Асен Прличков (2003-2011);
- Лилјана Николоска (2011-2018);
- Сашко Чоков (2018-2022); и
- Драги Коцевски (2022-денес).
Remove ads
Подрачни училишта
Во составот на училиштето влегуваат следниве подрачни училишта:
- ПУ „Васил Главинов“ - Превалец, подрачно петгодишно училиште на македонски наставен јазик; и
- ПУ „Васил Главинов“ - Раштани, подрачно петгодишно училиште на македонски наставен јазик.
До јули 2021 година, училиштето во селото Бузалково било подрачно училиште, но станало самостојно и било именувано како ООУ „Лирија“ - Бузалково[3] и во негова надлежност останувале и подрачните училишта во селото Клуковец и селото Сливник (петгодишни) со настава на албански јазик.
Награди и признанија
- Училиштето е носител на највисокото општинско признание Спомен Плакета „9-ти Ноември“.
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads