Сливник
село во Општина Велес From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Сливник — село во Општина Велес, во околината на градот Велес.
Remove ads
Географија и местоположба
Сливник се наоѓа на западниот дел на подрачјето на Општина Велес во средното сливно подрачје на реката Тополка. Селото е ридско и лежи на надморска височина од 440 метри, а од градот Велес е оддалечено 10 километри. Атарот зафаќа површина од 2,6 км2.
Историја
Стопанство
Економски Сливник егизистира исклучиво од земјоделство (полјоделство и сточарство). Од полјоделските култури најзастапени си житните (пченица и пченка) и градинарските култури, а од стоката претежно се одгледува крупен добиток. Во текот на зимата, голем број овчари со своите многубројни стада презимуваат во трлата во Сливник и околните села.
Население
Сливник според бројот на своите жители е средно по големина и е едно од неколкуте велешки села, населени со Албанци, со голем и константен пораст на своето население.
Според пописот од 2002 година, селото Сливник брои 444 жители, од кои 443 Албанци и 1 останат.[2]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 677 жители, од кои 637 Албанци, 1 Србин и 39 лица без податоци.[3]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[4]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[5]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[6]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]
Родови
Сливник е албанско село, а имало и Бошњаци во минатото.
Според истражувањата од 1966 година, родови во селото се:
Албански
- Доселеници: Шаиновци, Реџовци, Алимови и Џаферови (15 к.) доселени се од селото Горно Јаболчиште, а подалечно потекло од Горна Река; Емрулови (4 к.) доселени се од селото Долно Јаболчиште. Подалечно потекло од Горна Река.
Бошњачки
- Доселеници: Калешиќи и Лекпековци (6 к.) доселени се во 1957 година од околината на Нови Пазар.[8]
Remove ads
Општествени установи
Самоуправа и политика
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 2199 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[9]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 363 гласачи.[10]
Културни и природни знаменитости
- Археолошки наоѓалишта[11]
- Долни Сливник — населба од доцноантичко време
Редовни настани
Личности
Култура и спорт
Иселеништво
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads