ОУ „Раде Кратовче“ - Кочани

основно училиште во Кочани From Wikipedia, the free encyclopedia

ОУ „Раде Кратовче“ - Кочани
Remove ads

Основно училиште „Раде Кратовче“ (официјално: Основно општинско училиште „Раде Кратовче“ - Кочани; скратено: ООУ „Раде Кратовче“) — централно основно училиште во градот Кочани, Општина Кочани.[1]

Кратки факти Раде Кратовче ...

Училиштето го носи своето име по учесникот во Народноослободителната борба, Раде Кратовче.

Во состав на училиштето работи едно подрачно училиште во Нивичани.

Remove ads

Историја

Thumb
Бистата на Раде Кратовче.

ОУ „Раде Кратовче“ е најстарото постоечко училиште во Кочани. Неговата зграда била изградена во 1936 година. Првото име на училиштето било „Доситеј Обрадовиќ“, според српскиот писател Доситеј Обрадовиќ, а по ослободувањето, го добило името според македонскиот партизан Раде Кратовче. Првично, зградата на училиштето имало само 1 кат. Иако зградата на училиштето била изградена во 1936 година во него не биле држени часови до 1939 година. Од 18 декември 1944 година, училиштето работело како прогимназија, а од учебната 1945/46 година веќе работи како гимназија. Гимназиската настава во зградата била изведувана сè до полугодието на учебната 1954/55 година од каде што се преселила во новоизградена училишна зграда на сегашното основно училиште „Никола Карев“.[2] Вториот кат бил изграден во 1963 година.[3]

ОУ „Раде Кратовче“ во 2007, 2009, 2011 и 2014 година, добило „Зелено знаме“ за еко-училиште од Светската организација ОХО.[4]

Досегашни директори

  • Георги Чадиковски[5]
  • Благој Давитков[6]
  • Драган Трајчев[7]
Remove ads

Настава

Во училиштето наставата се изведува на македонски наставен јазик.

Подрачни училишта

Во составот на училиштето влегува следново подрачно училиште:

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads