Одземање

From Wikipedia, the free encyclopedia

Одземање
Remove ads

Одземањето е аритметичка операција со чија помош од познатиот збир и еден собирок се определува другиот собирок.[1] Таа е една од четирите основни бинарни операции и е обратна на собирањето, што значи ако на еден број му додадеме друг, па истиот го одземеме, тогаш се враќаме на бројот со кој сме почнале. Одземањето се означува со знакот минус („-“).

Повеќе информации Основно сметање, Собирање (+) ...
Thumb
5  2 = 3 (со зборови: „пет минус два е еднакво на три“)
Thumb
Пример за задача со одземање

Бидејќи одземањето не е комутативно, членовите на операцијата имаат свое име. Во равенката: c b = a c се вика намаленик, b се вика намалител, а резултатот се вика разлика. За одземањето не важи ни својството асоцијативност, туку тоа е антикомутативна и лево-асоцијативна операција.

Со одземање се пресметува намален број, намалена количина, намален износ и растојание меѓу места.

Remove ads

Основно одземање: цели броеви

Thumb

Ако замислиме отсечка со должина b, каде левиот крај е означен со a а десниот крај со c. Почнувајќи од a, ни треба b чекори надесно за да стигнеме до c. Ова движење се изразува со собирање:

a + b = c.

Од c, потребни ни се b чекори налево за да се вратиме на a. Ова движење се изразува со одземање:

cb = a.
Thumb

Имаме отсечка означена со бројките 1, 2 и 3. Под местото 3, не треба ниеден чекор за да останеме на 3, па затоа 3  0 = 3. Ни требаат 2 чекори налево за да дојдеме до местото 1, па затоа 3  2 = 1. Оваа слика е непогодна да прикаже што би се случило ако отидеме 3 налево од местото 3. За да ја претставиме таа операција ќе треба да ја продолжиме отсечката.

За одземање на произволни природни броеви, почнуваме на отсечка да ги набројуваме сите природни броеви (0, 1, 2, 3, 4, 5, 6, ...). Од 3, ни требаат 3 чекора налево за да дојдеме до 0, па затоа 3  3 = 0. Но 3  4 не е можно бидејќи пак излегува од отсечката. Затоа природните броеви не се корисни за претставување на одземањето.

За таа цел ја земаме целобројната оска (..., 3, 2, 1, 0, 1, 2, 3, ...). Од 3, ни требаат 4 чекора налево за да дојдеме до 1:

3  4 = 1.
Remove ads

Одземањето како собирање

Во некои случаи одземањето како посебна операција станува проблематично. На пример, 3  (2) (одземаме 2 од 3) не може да се претстави во однос на природните броеви или бројната оска, бидејќи не е сфатливо како можеме да отидеме 2 чекора налево или да тргнеме 2 јаболка. Затоа, во ваквиот случај ги поништуваме минусите, бидејќи одземањето игра улога на собирање

3  (2) = 3 + 2 = 5.
Remove ads

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads