Океан

From Wikipedia, the free encyclopedia

Океан
Remove ads

Океан (од старогрчки: Ὠκεανὸς, „Океанос[1]) — голем резервоар на солена вода, и главна компонента на хидросферата. Околу 71% од површината на Земјата (~3,61 × 1014 м2) е прекриена со океани, споен резервоар на вода кој условно е поделен на неколку главни океани и помали мориња. Скоро половина од светските води се длабоки над 3000 метри.

Thumb
Карта на светските океани

Овој споен резервоар на солена вода, наречено Светски Океан, главно се дели според континентите и архипелазите на: Тихи Океан, Атлантски Океан, Индиски Океан, Јужен Океан и Северноледен Океан. Последниот океанографски се нарекува Средоземно Море. Помалите региони од океаните се нарекуваат мориња, заливи, теснеци и др.

Геолошки, океанот е област од океанска кора покриена со вода. Океанска кора е тенкиот слој од стврднат вулкански базалт кој ја покрива Земјината површина каде нема континенти. Од овој аспект, денес постојат три „океани“: Светскиот Океан, Црното и Касписко море, кои се формирале со колизија на Цимерија со Лавразија. Средоземното Море е скоро свој „океан“, поврзано со Светскиот Океан преку Гибралтарскиот Теснец, и повеќепати во последните неколку милиони години движењето на Африканскиот континент го затворило теснецот целосно, правеќи го Средоземното Море четврт „океан“.[2]

Светскиот Океан зафаќа површина од 361 милиони км2, волумен од 1.340 милиони км2, а просечната длабочина е 3.711 метри. Скоро половина од светските води се длабоки над 3.000 метри. Ова не вклучува мориња кои не се поврзани со Светскиот Океан, како Каспиското Море. Вкупната маса на хидросферата е скоро 1.4 × 1021 kg, ca. 0.023 % од вкупната Земјина маса.

Remove ads

Океанот како тема во уметноста и во популарната култура

  • „Загледан во океанот“ - песна на македонскиот поет Ацо Шопов.[3]
  • „Океан“ (англиски: Ocean) - песна на британската група Дед кен денс (Dead Can Dance) од 1984 година.[4]
  • „Океан“ (англиски: The Ocean) — песна на ирската рок-група Ју Ту (U2) од 1981 година.[5]
  • „Океан“ — песна на српската рок-група Луна од 1984 година.[6]
  • „Океани“ (англиски: Oceans) — песна на американската рок-група Перл Џем (Pearl Jam) од 1991 година.[7]
  • „Океан“ (англиски: Ocean) - песна на американскиот рок-музичар Лу Рид од 1972 година.[8]
  • „Големина на океан“ (англиски: Ocean Size) - песна на американската рок-група Џејнс адикшн (Jane's Addiction) од 1988 година.[9]
Remove ads

Надворешни врски

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads