Ѓокица Лукаревски
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Ѓокица Лукаревски (Скопје, 29 април 1951 ) — македонски глумец, познат по бројните улоги во филмови, театарски претстави и телевизиски екранизации.[1]
Remove ads
Животопис и кариера
Лукаревски е роден 1951 година во Скопје. Една година по завршувањето на Факултетот за Драмски уметности во Скопје, во 1977 година во класата на проф. Илија Џувалековски се вработил во Драмски театар – Скопје, каде работел сè до неговото пензионирање во 2018 година. Со својата длабока доживувана глумечка интерпретација Лукаревски посебно се истакнува во неколку претстави каде толкува главни и споредни улоги. Тој имал соработка со голем број на наши познати режисери како: Коле Ангеловски, Љубиша Георгиевски, Димитар Станковски, Владимир Милчин и Слободан Унковски..[2] Во период од 2013 до 2014 година, бил водител на квизот "Само кеш" на Канал 5 Телевизија. Тој е познат по телевизиската екранизација, долги години сихронизира турски серии за Сител Телевизија.[3]
Театарски претстави
- Јерг Лукас — Физичари од Фридрих Диренмат р. Крум Стојанов, Македонски народен театар 1963;
- Македонска крвава свадба од Војдан Чернодрински, р. Петре Прличко, Македонски народен театар 1965;
- Носачот — Венецијански близнаци од Карло Голдони, р. Вукан Диневски, Македонски народен театар 1968;
- Славче — Печалбари од Антон Панов, р. Петре Прличко, Македонски народен театар 1969;
- Чук, чук Стојанче од Оливера Николова, р. Коле Ангеловски, Драмски театар - Скопје 1975;
- Маж 3 — Џинот од Ѓорѓи Столев, р. Васил Ќортошев, Драмски театар - Скопје 1976;
- Баш челик од Горан Бабиќ, р. Коле Ангеловски, Драмски театар - Скопје 1977;
- Шекспир бо приказни од Чарлс, р. Коле Ангеловски, Драмски театар - Скопје 1978;
- Степан — Ревизор од Николај Василевич Гогољ, р. Љубиша Георгиевски, Драмски театар - Скопје 1978;
- Кањокја — Рибарски караници од Карло Голдони, р. Тодорка Кондова-Зафировска, Драмски театар - Скопје 1979;
- Зганарел — Дон Жаун од Жан Батист Поксен Молиер, р. Љубиша Георгиевски, Драмски театар - Скопје 1980;
- Павлов — Бркотница од Лев Биринскиј, р. Владимир Милчин, Драмски театар - Скопје 1980;
- Црното Ламјиче — Чудодо на Свети Ѓорѓи од Русомир Богдановски, р. Слободан Унковски, Драмски театар - Скопје 1981;
- Убавиот Смит — Џон Пиплфокс од Мирослав Беловиќ, р. Коле Ангеловски, Драмски театар - Скопје 1981;
- Цезар — Еригон од Јордан Плевнеш, р. Љубиша Георгиевски, Драмски театар - Скопје 1982;
- Драги — Косанчиќев венец бр.7 од Слободан Селениќ, р. Димитар Станковски, Драмски театар - Скопје 1982;
- Пандил — Преспански круг со црвена боја од Миле Неделкоски, р. Владимир Милчин, Драмски театар - Скопје 1983;
- Дисле — Јадигар од Васе Манчев, р. Борко Зафировски, Драмски театар - Скопје 1983;
- Умна глава од Оливера Николова, р. Кирил Ќортошев, Драмски театар - Скопје 1983;
- Иследникот — Карамазови од Душан Јовановиќ, р. Паоло Маџели, Драмски театар - Скопје 1984;
- Убавиот Смит — Џон Пиплфокс од Душан Радовиќ, р. Коле Ангеловски, Драмски театар - Скопје 1984;
- Татко Иби — Крал Иби од Алфред Жари, р. Димитар Станковски, Драмски театар - Скопје 1984;
- Мажот — Тетовирани души од Горан Стефановски, р. Паоло Маџели, р. Драмски театар - Скопје 1985;
- Диригентот — Југословенска антитеза од Јордан Плевнеш, р. Љубиша Георгиевски, Драмски театар - Скопје 1985;
- Аметистов — Зојкиниот стан од Михаил Афанасиевич, р. Стојан Стојановски, Драмски театар - Скопје 1986;
- Исо Рог — Керубин 2096 од Славко Јаневски, р. Љубиша Георгиевски, Драмски театар - Скопје 1986;
- Фабијан — Ноќ спроти Водици од Вилијам Шекспир, р. Димитар Станковски, Драмски театар - Скопје 1986;
- Најден — Слободен лов од Јордан Плевнеш, р. Љубиша Георгиевски, Драмски театар - Скопје 1988;
- Среќко — Собирен центар од Горан Стефановски, р. Коле Ангеловски, р. Драмски театар - Скопје 1989;
- Морнар — Медеја од Дане Зајц, р. Вито Тауфер, Драмски театар - Скопје 1989;
- Киро — Чија си од Сашко Насев, р. Димитар Станковски, Драмски театар - Скопје 1991;
- Мадона — Женски оркестар од Жан Анју, р. Димитар Станковски, Драмски театар - Скопје 1991;
- Келнерот — Не сега драга од Реј Куни, р. Коле Ангеловски, Драмски театар - Скопје 1992;
- Како да ја убиеш сопругата и зошто од Иван Карадак, р. Ненад Стојановски, Драмски театар - Скопје 1993;
- Крле — Харем од Сашко Насев, р. Димитар Станковски, Драмски театар - Скопје 1994;
- Влатко — Од првиот здив од Данило Коцевски, р. Горан Тренчовски, Драмски театар - Скопје 1995;
- Чест од Васил Иљоски, р. Виолета Џолева, Драмски театар - Скопје 1998;
- Хихирику од Иван Карадак, р. Миле Грозданоски, Универзална сала Скопје 1999;
- Платонов од Антон Павлович Чехов, р. Димитар Станковски, Драмски театар - Скопје 1999;
- Ферхат и Ширин од Назим Хикмет, р. Ертен Јуџел, Драмски театар - Скопје 2000;
- Војцек од Георг Бихнер, р. Бора Драшковиќ, Драмски театар - Скопје 2002;
- Хамлет од Долго Гаштани од Иво Брешан, р. Мето Јовановски, Драмски театар - Скопје 2004;
- Ристо — Чија си од Сашко Насев, р. Виолета Џолева, Универзална сала – Скопје 2005;
- Господин Велков — Лет во место од Горан Стефановски, р. Љупчо Ѓоргиевски, Драмски театар - Скопје 2005;
- Кралот Кускуле — Кралот Кускуле први од Васил Пујовски, р. Коле Ангеловски, Театар за деца и младинци - Скопје 2005;
- Мита Топ — Македонски рулет од Љубиша Георгиевски, р. Сашо Миленковски, Драмски театар - Скопје 2007;
- Сон на летната ноќ од Вилијам Шекспир, р. Коле Ангеловски, Драмски театар - Скопје 2008;
- Ветар низ тополите од Иван Карадак, р. Коле Ангеловски, Драмски театар - Скопје 2009;
- Селанец — Македонска крвава свадба од Војдан Чернодрински, р. Сташа Зуровац, Драмски театар - Скопје 2012;
- д-р Пилер — Баал од Бертолт Брехт, р. Мартин Кочовски, Драмски театар - Скопје 2013;
- Ристо — Чија си од Сашко Насев, Љупчо Ѓоргиевски, Драмски театар - Скопје 2013;
- Арчибалд — Капетанот Џон Пиплфокс од Мирослав Беловиќ, р. Коле Ангеловски, Драмски театар - Скопје 2014;
- Исо — Живот во тесни чевли од Душан Ковачевиќ, р. Ненад Витанов, Драмски театар - Скопје 2014;
- Благоја — Буре барут од Дејан Дуковски, р. Сашо Миленковски, Драмски театар - Скопје 2016;
- Велер Мартин — Партија реми од Доналд Ли Кобурн, р. Виолета Џолева, Драмски театар - Скопје 2018;
- Филимен — Птица со главата неѓу нозе од Коле Ангеловски, р. Коле Ангеловски, Драмски театар - Скопје 2021.
Remove ads
Награди
- Главната глумечка награда на Меѓународниот театарски фестивал на детски претстрави во Котор - Црна Гора[4].
- Награда за најдобро глумечко остварување Војдан Чернодрински (1984)
- Прв добитник е на Наградата за најдобра епизодна улога „Димче Трајковски“ што се доделува на традиционалната смотра на професионалните театри во Прилеп.
- Награда за најпопуларно ТВ-лице на годината на "Екран" (1995)
- Награда за најпопуларно ТВ-лице според списанието "Вечер" (1996)
- Награда за најдобра улога на фестивалот во "Котор" (2010)
- Награда за животно дело Анче Џамбазова (2020)[5]
- Награда за животно дело на фестивалот "Гола месечина" (2020).
- Награда за животно дело "Свети Јоаким Осоговски" (2021).
- Орден за заслуги за Македонија" (2024).[6][7]
Remove ads
Филмографија
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads