Општина Јосифово
поранешна општина во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Месен народен одбор Јосифово ― поранешна општина во Македонија, која постоела во периодот 1945-1952 година.
Remove ads
Историја
Месниот народен одбор Јосифово бил основан во 1945 година. Тој бил дел од Валандовска Околија, првично во Штипскиот Округ, а истата 1945 година, околијата со општината биле преместени во Велешкиот Округ, и негови составни населени места биле Ајранли, Вејсели, Јосифово и Терзели.[1] Во 1947 година, според новата административна поделба, месниот одбор останал територијално непроменет и бил префрлен во Гевгелиската Околија.[2] Во 1950 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Јосифово бил проширен на сметка на соседниот и укинат Месен народен одбор Плавуш.[3] Согласно административната поделба од 1952 година, МНО Јосифово бил укинат на сметка на соседната и проширена Општина Удово.[4]
Remove ads
Население
Според пописот од 1948 година, Месен народен одбор Јосифово имал 1,101 жител, односно вкупното население на Ајранли, Вејсели, Јосифово и Терзели.
Следува табела според народностите во пописот од 1948 година:[5]
Народност | Вкупно |
Македонци | 501 |
Албанци | 1 |
Турци | 236 |
Срби | 262 |
Црногорци | 64 |
Останати и непознато | 37 |
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads