Општина Удово
поранешна општина во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Општина Удово, именувана и како Месен народен одбор Удово ― поранешна општина во Македонија, која постоела во меѓувоениот период и 1945-1955 година.
Remove ads
Историја
Кралство Југославија
Општината за првпат била основана за време на Кралството Југославија, како дел од Дојранскиот Срез. Нејзини населени места биле Ајранли, Аразли, Баракли, Башали, Вејсели, Градец, Ѓулели, Екши Су, Калково, Калуцково, Караѓорѓево, Плавуш, Терзели и Удово.[1][2][3]
1945-1955
Месниот народен одбор Удово бил основан во 1945 година. Тој бил дел од Валандовска Околија, првично во Штипскиот Округ, а истата 1945 година, околијата со општината биле преместени во Велешкиот Округ, и негови составни населени места биле Аразли, Градец, Ѓулели и Удово.[4] Во 1947 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Удово бил припаднал на Гевгелиската Околија и територијално бил променет бидејќи го изгубил селото Градец на сметка на новиот Месен народен одбор Градец, а ги добил селата Баракли и Башакли на сметка на Месен народен одбор Плавуш.[5] Во 1950 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Удово бил проширен на сметка на соседниот и укинат Месен народен одбор Градец со неговото село Градец.[6] Согласно административната поделба од 1952 година, сега со називот, Општина Удово била проширена на сметка на соседниот и укинат Месен народен одбор Јосифово со неговите села Ајранли, Вејсели, Јосифово, Плавуш и Терзели.[7] Согласно административната поделба од 1955 година, Општина Удово била укината и нејзината општинска територија припаднала на проширената Општина Валандово.[8]
Remove ads
Население
Според пописот од 1931 година, Општина Удово имала 2,135 жители, од кои 1,112 биле мажи, а 1,023 биле жени. Општината се состоела од 405 куќи и 443 домаќинства.[9][10]
Според пописот од 1948 година, Месен народен одбор Удово имал 628 жители, односно вкупното население на Аразли, Баракли, Башали, Ѓулели и Удово.
Следува табела според народностите во пописот од 1948 година:[11]
Народност | Вкупно |
Македонци | 114 |
Турци | 492 |
Власи | 6 |
Црногорци | 16 |
Според пописот од 1953 година, Општина Дедели имала 2,428 жители, односно вкупното население на Ајранли, Аразли, Баракли, Башали, Вејсели, Градец, Ѓулели, Јосифово, Плавуш, Терзели и Удово.
Следува табела според народностите во пописот од 1953 година:[12][13]
Народност | Вкупно |
Македонци | 1,314 |
Турци | 1,165 |
Срби | 257 |
Црногорци | 68 |
Неопределени Југословени | 1 |
Неопределени несловени | 59 |
Remove ads
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads