Општина Плавуш

поранешна општина во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Месен народен одбор Плавуш ― поранешна општина во Македонија, која постоела во периодот 1945-1950 година.

Кратки факти
Remove ads

Историја

Месниот народен одбор Плавуш бил основан во 1945 година. Тој бил дел од Валандовска Околија, првично во Штипскиот Округ, а истата 1945 година, околијата со општината биле преместени во Велешкиот Округ, и негови составни населени места биле Баракли, Башали и Плавуш.[1] Во 1947 година, според новата административна поделба, месниот одбор ги загубил селата Баракли и Башали на сметка на проширениот Месен народен одбор Удово, и бил префрлен во Гевгелиската Околија.[2] Во 1950 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Плавуш бил укинат на сметка на соседниот и проширен Месен народен одбор Јосифово.[3]

Remove ads

Население

Според пописот од 1948 година, Месен народен одбор Плавуш имал 242 жители, односно вкупното население на Плавуш. Од таа бројка, 241 бил Турчин, додека 1 бил Македонец.[4]

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads