Општина Брда

општина во Словенија From Wikipedia, the free encyclopedia

Општина Брдаmap
Remove ads

Општина Брда (словенечки: Občina Brda, италијански: Comune di Collio) — општина во Горичкиот статистички регион, во историската областа Приморска, западна Словенија. Се протега од границата со италија до реката Соча. На исток е ридот Саботин (609 м), а на север е возвишението Корада (812 м).[2] Во 2020 г. населението броело 5.619 жители.[1] Седиште е селото Доброво.

Кратки факти Општина Брда Občina Brda, Земја ...

Населението говори посебен дијалект од приморското наречје.

Remove ads

Географија

Општината го опфаќа словенечкиот дел на Горичките Ридови кои претставуваат еден од најважните вински микрирегиони во Словенија. Се одликува со блага средоземна клима, заштитена од силниот ветар бура кој често вее по другите делови на Приморјето.

Населени места

Покрај општинското седиште Доброво, општината ги опфаќа и следниве населени места:

Remove ads

Стопанство

Најважна стопанска гранка е земјоделството: покрај грозјето, најзначаен производ се црешите, а по нив следат кајсиите, крушите, смоквите и сливите. Заедно со Випавската Долина, Брда одгледува најголемо количество на рајски јаболка во земјата. Се произведуваат и помали количества маслиново масло.

Во лозарството застапени се сортите мерло, каберне совињон, пино ноар, пино гри и совињон вер.

Познати личности

  • Алојз Градник (1882 - 1967) — поет и преведувач (роден во Медана)

Поврзано

  • Словенечко Вино
  • Горички Ридови

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads