Мојно

село во Општина Могила From Wikipedia, the free encyclopedia

Мојноmap
Remove ads

Мојно — село во областа Пелагонија, во Општина Могила, во околината на градот Битола.

Кратки факти
Remove ads

Потекло на името

Името на селото потекнува од првиот жител, чие име било Моин.[2]

Географија и местоположба

Thumb
Поглед на селото

Селото се наоѓа во Пелагонија, во северниот дел на Битолското Поле, во најисточниот дел на територијата на Општина Могила, сместено на северозападната падина на Селечка Планина.[3] Селото е ридско, на надморска височина од 710 метри. Од градот Битола, селото е оддалечено 29 километри.[3]

Мојно е мало ридско село сместено на источниот раб од Битолското Поле. Околни села се: Мусинци, Алинци, Путурус и други.[4]

Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Бобиште, Јарица, Липов Дол, Голи Присој, Иглар, Јано Трло, Голо Брдо, Еленик, Вршник, Магури, Умата, Корита, Рудник, Бел Камен, Врањак, Пржоице, Цуцуле, Шипка, Црвени Брегои, Бучкур, Пештера, Утоа Дупка, Трските, Батков Дол, Крстец, Попоа Ливада, Осојница, Батаците и Змијарник.[4]

Селото има збиен тип. Куќите се групирани на три маала: Богоевско, Гошевско и Гудевско Маало, кое се наоѓа во средишниот дел на селото.[4]

Селото е сместено во котлината Пелагонија, североисточно од Битола и е најисточно село во Општина Могила.

Remove ads

Историја

На атарот на Мојно се верува дека постои антички град. Исто така, на западната страна на селото постои „римска црква“. До 1945 година, на ова црквиште мештаните доаѓале со свеќи, обично на пролет. Порано, околу ова црквиште се наоѓале остатоци од гробови.[4]

Мојно е старо село. Тоа се гледа по традицијата и по староседелскиот род (Бошевци). Мештаните кажуваат дека нивното село постоело и кога цела Пелагонија била пустелија.[4]

Во XIX век, Мојно било село во Прилепската каза на Отоманското Царство.

Во 1916 година, за време на Првата светска војна, сите куќи во селото биле срушени, поради што селаните морале да живеат во Прилеп до крајот на војната.[4]

Стопанство

Атарот зафаќа простор од 16,5 км2. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 1.475 хектари, па затоа има полјоделска функција.[3]

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Мојно живееле 222 жители, од кои 210 Македонци и 12 Роми.[5] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Мојно имало 128 жители, под врховенството на Бугарската егзархија.[6]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Мојно е претставено како чисто македонско село во Прилепската каза на Битолскиот санџак со 16 куќи.[7]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Македонци.[8]

Мојно е мало село, кое што во 1961 година имало 258 жители, од кои 251 биле Македонци, тројца Турци, двајца Срби и по еден жител Црногорец и Албанец, а во 1994 година 116 жители, македонско население.[3]

Според пописот од 2002 година, во селото Мојно живееле 71 жител, сите Македонци.[9]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 36 жители, од кои 32 Македонци и 4 лица без податоци.[10]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[11]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[12]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]

Родови

Мојно е македонско село.[4]

Родови во Мојно се: Бошевци (7 к.), староседелци; Богоевци (3 к.), доселени се од Чегр, раселено село во Мариово, се сметаат за први доселеници, го знаат следното родословие: Илија (жив на 58 г. во 1950-тите) Стојан-Митре-Гроздан, се доселил неговиот татко; Смилевци (1 к.), доселени се од мариовското село Зовиќ; Гудевци (3 к.), доселени се од мариовското село Старавина; Ивановци (4 к.), доселени се од мариовското село Крушевица; Атанасовци (2 к.), доселени се од мариовското село Орле; Аспровци (1 к.), потекнуваат од домазет доселен од Добрушево; Божиновци (3 к.), Тасевци (1 к.) и Мамалиговци (1 к.), доселени се од Мусинци; Димовци (1 к.), доселени се од Бонче и Трајановци (1 к.), доселени се од Црничани, таму биле доселени од Арматуш.

Remove ads

Општествени установи

Thumb
Поглед на поранешното основно училиште
  • Поранешно основно училиште „Даме Груев“
  • Месна заедница

Самоуправа и политика

Селото влегува во рамките на Општина Могила, која била создадена при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година.

Во периодот од 1996 до 2004 година, селото се наоѓало во рамките на некогашната рурална општина Добрушево.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото било сместено во големата општина Битола.

Во периодот од 1955 до 1965 година, селото влегувало во рамките на тогашната општина Тополчани.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Будаково, во која селото Мусинци, се наоѓале и селата Алинци, Арматуш, Будаково, Горно Чарлија, Далбеговци, Дедебалци, Добрушево, Долна Чарлија, Ношпал, Путурус, Радобор, Трап и Црничани. Во периодот 1950-1952, селото било дел од Општина Маково, во која влегувале селата Брник, Ивени, Маково, Мојно, Орле и Рапеш.

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 0223 според Државната изборна комисија, сместено во основното училиште.[15]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 72 гласачи.[16] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 70 гласачи.[17]

Remove ads

Културни и природни знаменитости

Thumb
Главната селска црква „Св. Атанасиј“
Археолошки наоѓалишта[18]
  • Бел Камен — населба од железно и доцноантичко време;
  • Еленик — населба од хеленистичко и доцноантичко време;
  • Лилјак — населба од железно време;
  • Шипур — населба од римско време и старохристијанска базилика; и
  • Рупа — населба од доцноантичко време.
Цркви[19]

Редовни настани

Личности

Родени во Мојно
  • Мицко Мојнчето — деец на ВМРО[20]
  • Никола Христов — ополченец, 4 чета на 4 битолска дружина[21]
  • Стојо Христов — ополченец, 4 чета на 6 охридска дружина[22]

Иселеништво

Се знае за следниве иселени родови: Анѓелевци (1 к.) се иселиле во Алинци, Мартиновци (17 к.) се иселиле во Ивањевци.[4]

Вкупно од селото се имаат иселено над 200 жители. Најголем дел се иселени во градот Битола, во селата Долно и Горно Оризари, прекуокеанските земји и во Европа.[2]

Галерија

Наводи

Поврзано

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads