Општина Пелинце
поранешна општина во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Општина Пелинце, именувана и како Месен народен одбор Пелинце ― поранешна општина во Македонија, која постоела во периодот 1913-1915, меѓувоениот период и 1945-1952 година.
Remove ads
Историја
1913-1915
Општина Пелинце за прв пат била основана во 1913 година, за време на Кралството Србија. Населени места во општината биле Алгуња, Враготурце, Врачевце, Карловце, Љаник, Орваница, Пелинце, Свињиште, Себрат и Узово. Општината била дел од Жеглиговскиот Срез, Кумановски Округ.[1]
Кралство СХС/Југославија
За време на новата држава Кралство СХС (подоцна под името Кралство Југославија), Општина Пелинце продолжила да постои во рамки на Жеглиговскиот Срез, и почнувајќи од 1929 година, во Вардарската Бановина. Таа се состоела од населените места: Алгуња, Враготурце, Карловце, Љаник, Орваница, Пелинце, Свињиште, Себрат и Узово.[2][3][4]
1945-1952
Месниот народен одбор Пелинце бил основан во 1945 година. Тој бил дел од Козјачката Околија, Скопски Округ, и негови составни населени места биле Враготурце и Пелинце.[5] Во 1947 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Пелинце не претрпел територијално промени. Истовремено, МНО Орах припаднал под проширената Кумановска Околија.[6] Во 1950 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Пелинце останал територијално непроменет.[7] Согласно административната поделба од 1952 година, МНО Пелинце бил укинат на сметка на соседната и проширена Општина Жегљане.[8]
Remove ads
Население
Според пописот од 1913 година, Општина Пелинце имала 1,508 жители, односно вкупното население на Алгуња, Враготурце, Врачевце, Карловце, Љаник, Орваница, Пелинце, Свињиште, Себрат и Узово.[1]
Според пописот од 1921 година, Општина Пелинце имала 1,624 жители. Според верската припадност, 1,596 биле православни, додека 36 биле муслимани. Според јазичната припадност, 1,572 биле Срби/Хрвати, 16 биле Власи, додека 36 припаднале во графата „останати и непознато“.[9][б 1]
Според пописот од 1931 година, Општина Пелинце имала 1,874 жители, од кои 945 биле мажи, а 929 биле жени. Општината се состоела од 258 куќи и 261 домаќинствo.[10]
Според пописот од 1948 година, Месен народен одбор Пелинце имал 906 жители, односно вкупното население на Враготурце и Пелинце. Од таа бројка, 843 биле Македонци, 46 биле Срби, 16 биле Турци, додека 1 бил Ром.[11]
Remove ads
Поврзано
Забелешки
- Македонскиот јазик и македонскиот народ биле третирани за српски, согласно според српскиот/кралскојугословенскиот државен апарат.
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads