Општина Фурка
поранешна општина во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Општина Удово, именувана и како Месен народен одбор Удово ― поранешна општина во Македонија, која постоела во 1913-1915, меѓувоениот период и 1945-1955 година.
Remove ads
Историја
1913-1915
Општина Фурка за прв пат била основана во 1913 година, за време на Кралството Србија. Населени места во општината биле Асанли, Воловец, Ѓопчели, Караулари, Крастали, Пазарли, Фурка, Црничани и Чаушли. Општината била дел од Дојранскиот Срез, Тиквешки Округ.[1]
Кралство СХС/Југославија
За време на новата држава Кралство СХС, Општина Фурка постоела се до нејзиното укинување на сметка на соседната и проширена Општина Дојран.
1945-1950
Месниот народен одбор Фурка бил основан во 1945 година. Тој бил дел од Валандовска Околија, првично во Штипскиот Округ, а истата 1945 година, околијата со општината биле преместени во Велешкиот Округ, и негово составно населено место било Фурка.[2] Во 1947 година, според новата административна поделба, месниот одбор останал територијално непроменет и бил префрлен во Гевгелиската Околија.[3] Во 1950 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Фурка бил укинат на сметка на соседниот и проширен Месен народен одбор Нов Дојран.[4]
Remove ads
Население
Според пописот од 1921 година, Општина Фурка имала 1,466 жители. Според верската припадност, 1,252 биле православни, 3 биле католици, додека 211 биле муслимани. Според јазичната припадност, 1,052 биле Срби/Хрвати, 211 биле Турци, 3 биле Словенци, и 200 биле останати.[5][б 1]
Според пописот од 1948 година, Месен народен одбор Фурка имал 647 жители, односно вкупното население на Фурка.
Следува табела според народностите во пописот од 1948 година:[6]
Народност | Вкупно |
Македонци | 634 |
Турци | 2 |
Срби | 8 |
Хрвати | 3 |
Remove ads
Поврзано
Забелешки
- Македонскиот јазик и македонскиот народ биле третирани за српски, согласно според српскиот/кралскојугословенскиот државен апарат.
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads