Чаушли
село во Општина Дојран From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Чаушли — село во Општина Дојран, во областа Беласица, во југоисточниот дел на Македонија. Денес, од селото нема никакви видливи остатоци.
Remove ads
Географија и местоположба

Селото се наоѓа во северниот дел на територијата на Општина Дојран, чиј атар се допира со територијата на Општина Валандово.[2] Селото е ридско, сместено на надморска височина од 410 метри.[2]
Селото се наоѓа на северната падина на планината Боска. На мало растојание на југ е селото Ѓопчели. Кај селото извира Чаушлиска Река, која минува низ него, продолжува низ мала акумулација во месноста Чаушлиско Поле, па течејќи на север се влева во Луда Мара.
До селото води земјен пат, кој се двои од локалниот пат кој води до дојранското село Ѓопчели, кој пак се двои од регионалниот пат 1105.
Remove ads
Историја
Тука во 1916 година е погребан бугарскиот педагог и општественик од швајцарско потекло Луј Ајер, кој загинал како офицер во Битката кај Дојран таа година.
Само 1 жител на оваа населба е заведен како жртва во Втората светска војна.[3]
Стопанство
Атарот на селото зафаќа простор од 4,4 км2.[2]
Население
Според податоците од 1873 година во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, селото имало 35 домаќинства со 64 жители муслимани.[4]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Чаушли живееле 175 жители, сите Турци.[5]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 25 до 50 Турци.[6]
Селото е наполно раселено по 1961 година, кога што броело 12 жители.[2]
Според пописот од 2002 година, Чаушли немало ниеден жител.[7] Истото било потврдено и на пописот од 2021 година.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]
Remove ads
Самоуправа и политика
На крајот од XIX век, Чаушли било чисто турско село во Дојранската Каза на Отоманското Царство.
Селото влегува во рамките на Општина Дојран, една од малкуте општини кои не биле изменети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Стар Дојран.
Во периодот 1955-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Гевгелија.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Дојран, во која покрај селото Чаушли се наоѓале селата Ѓопчели, Николиќ, Нов Дојран, Сретеново, Стар Дојран, Фурка и Црничани. Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Нов Дојран, во која влегувале селата Ѓопчели, Николиќ, Стар Дојран, Сретеново, Фурка, Чаушли и Црничани.
Избирачко место

Селото е опфатено во избирачкото место бр. 0381 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште во Куртамзали. Во избирачкото место се опфатени населените места: Дурутли, Куртамзали, Органџали, Севендекли, Чаушли и Џумабос.[12]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 120 гласачи.[13] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 115 гласачи.[14]
Remove ads
Културни и природни знаменитости
- Езера
- Чаушлиско Езеро — езеро кај селото
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads