Органџали

село во Општина Дојран From Wikipedia, the free encyclopedia

Органџалиmap
Remove ads

Органџали — село во Општина Дојран, во областа Беласица, во југоисточниот дел на Македонија.

Кратки факти
Remove ads

Географија и местоположба

Thumb
Воздушен поглед на селото

Селото се наоѓа на крајниот северен дел на територијата на Општина Дојран, чиј атар нашироко се допира со територијата на Општина Валандово.[2] Селото е ридско, сместено на надморска височина од 340 метри.[2] Оддалечено е 13 километри источно од градот Валандово и 32 километри северно од општинскиот центар Стар Дојран.

Селото се наоѓа во ридски предел на планината Боска.

До селото води земјен пат, кој се двои од локалниот пат кој води до валандовските села Башибос и Бајрамбос, кој пак се двои од регионалниот пат 1105 кај селото Раброво и продолжува како локален пат преку селото Чалакли.

Remove ads

Стопанство

Атарот на селото зафаќа простор од 9,4 км2, при што преовладуваат шумите со површина од 633 хектари, на пасиштата отпаѓаат 164 хектари, додека на обработливите површини 123 хектари.[2]

Селото, во основа, има полјоделско-шумарска функција.[2]

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според податоците од 1873 година во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, селото имало 76 домаќинства со 184 жители муслимани.[3]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Органџали живееле 420 жители, сите Турци.[4]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Македонци и 100 Турци.[5]

Селото е мало, коешто во 1961 година броело 171 жител, а во 1994 година само 22 жители. И во двете пописни години, во Органџали живеело само турско население.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Органџали имало 21 жител, сите Турци.[6]

Според последниот попис од 2021 година, во селото немало жители.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]

Самоуправа и политика

На крајот од XIX век, Органџали било чисто турско село во Дојранската Каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Дојран, една од малкуте општини кои не биле изменети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Стар Дојран.

Во периодот 1955-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Гевгелија.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Башибос, во која покрај селото Органџали се наоѓале селата Бајрамбос, Башибос, Булунтули, Дурутли, Кочули, Куртамзали, Севендекли и Џумабос. Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Башибос, во која влегувале селата Бајрамбос, Башибос, Булунтули, Кочули, Куртамзали и Органџали.

Избирачко место

Селото е опфатено во избирачкото место бр. 0381 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште во Куртамзали. Во избирачкото место се опфатени населените места: Дурутли, Куртамзали, Органџали и Севендекли.[11]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 120 гласачи.[12] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 115 гласачи.[13]

Remove ads

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads