Опае

село во Општина Липково From Wikipedia, the free encyclopedia

Опаеmap
Remove ads

Опае — село во Општина Липково, во околината на градот Куманово.

Кратки факти
Remove ads

Географија и местоположба

Историја

Во текот на 1413 - 1421 година селото Опае со уште две села е вклучено во мулк, подарок од султанот Мехмед I за неговата ќерка, принцезата Елалди-Хатун, жена на Ахмед-ага. Во пописниот опширен дефтер од 1570 година, селото е дел од Ќустендилскиот санџак, во Кратовската каза нахија Нагоричане и во него се регистрирани 10 муслимански семејства, 23 христијански семејства и 14 неженети, христијани.Вкупниот износ на данокот на селото изнесувал 4797 акчиња.[2]

Во османлиските даночни регистри на немуслиманското население од вилаетот Кратово од 1618 - 1619 година селото е забележано со 16 домаќинства.[3]

Во XIX век селото било дел од Кумановската каза на Отоманското Царство.

Remove ads

Стопанство

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 250 Македонци и 150 Албанци.[4]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 1.619 жители, од кои 32 Македонци, 1.508 Албанци, 1 Бошњак, 1 останат и 77 лица без податоци.[5]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[6]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[7]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]

Родови

Опае е македонско-албанско село.

Според истражувањата од 1965 година, родови во селото се:

Македонски

  • Зафировци (4 к.), Малинови (3 к.), Диневи (1 к.) и Максимови (1 к.) сите наведени родови во селото се староседелски; Армутови (12 к.) доселени се од селото Табановце во турско време; Неделковци (3 к.) и Крстевци (3 к.) доселени се од селото Слупчане во турско време; Томовски (2 к.) доселени се од Куманово во турско време; Таранци (5 к.) доселени се од селото Жуинце кај Прешево во турско време; Пироќанци (7 к.) доселени се во 1913 година од селото Велика Лука кај Пирот; Доброчани (7 к.) доселени се од селото Добрача; Лазеви (2 к.) доселени се од селото Слупчане; Петровски (3 к.) и Крстевски (1 к.) доселени се исто така од селото Слупчане; Ѓурови (3 к.) доселени се во 1930 година од селото Лесница во Горна Пчиња; Врањанци (1 к.) доселени се од околината на Врање; Бозаџици (3 к.) доселени се од селото Ѓерекара во Горна Пчиња; Станковци (1 к.) доселени се од Куманово.

Албански

  • Бајрамовски (5 к.) доселени се од селото Сушево; Азировски (6 к.), Читаклар (3 к.), Алитовски (2 к.), Зенулови (1 к.) и Незировски (1 к.) доселени се од различни села; Зарбичани (9 к.), Сухарчани (2 к.), Брезничани (1 к.) и Рамнобучани (1 к.) доселени се од селата во Новобрдска Крајина; Стражани (5 к.), Руѓинчани (2 к.) и Слупчанци (2 к.) доселени се од селата Стража, Руѓинце и Слупчане.[10]
Remove ads

Општествени установи

Самоуправа и политика

Културни и природни знаменитости

Археолошки наоѓалишта[11]

Редовни настани

Личности

Култура и спорт

Иселеништво

До 1965 година од селото се иселиле 25 семејства во Скопје, Куманово и Турција. Повеќе се иселувало муслиманското население.[10]

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads