Орманли (Серско)

село во Серско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Орманли (Серско)map
Remove ads

Орманли или Орманлија (грчки: Δασοχώρι, Дасохори; до 1927 г. Ορμανλή, Орманли[2]) — село во Серско, Егејска Македонија, денес во општината Долна Џумаја на Серскиот округ, Грција. Сè до 1920-тите било населено исклучиво со Македонци.[3]

Кратки факти Орманли Δασοχώρι, Земја ...
Remove ads
Remove ads

Географија

Селото се наоѓа во Серското Поле северозападно од Сер и југозападно од Долна Џумаја. Лежи близу до источниот брег на Бутковското Езеро.

Историја

Во Отоманското Царство

Во XIX век Орманли било чисто македонско село во Серската каза на Серскиот санџак.

Според „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ во 1873 г. во Орманле (Ormanlé) имало 6 домаќинства сочинети од 26 жители Македонци.[4][5]

В 1891 година Георги Стрезов пише за селото:

Орманли, 12 час на Ј од Џумаја. Сите земјоделци; освен жита, земјата дава квалитетен памук и малку тутун. 12 македонски куќи,[6] 90 турски, 40 черкески и 30 ромски.[7]

Според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) на почетокот на XX век селото имало 300 жители Македонци.[4][8]

Сите жители на Орманли биле под врховенството на Цариградската патријаршија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Орманлија (Ormanlia) живеле 144 Македонци патријаршисти и 36 Роми.[4][9]

Во Грција

За време на Првата балканска војна селото е окупирано од бугарска војска, а по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата година во Орманли се попишани 318 жители, а во 1920 г. населението пораснало на 345 лица.[3] Населението им се спротивставувало на силните притисоци на власта да се иселат, па затоа во селото насила биле доведени грчки колонисти. Најпрвин власта ги привремено ги ставила дојденците да живеат во македонските домови заедно со нивните стопани, а потоа ги префрлила во нови куќи.[3] Во 1926 г. селото е преименувано во Дасохори, но промената официјално стапила на сила следната 1927 г.[2] На пописот од 1928 г. селото било етнички мешано со 922 жители, од кои 540 лица (134 семејства) биле грчки дојденци.[10]

Повеќе информации Име, Грчки ...
Remove ads

Население

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи

Loading content...

Надворешни врски

Loading content...
Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads