Осеново

From Wikipedia, the free encyclopedia

Осеновоmap
Remove ads

Осеново — село во Општина Банско, Пиринска Македонија, во југозападниот дел на Бугарија.

Кратки факти Осеново Осеново, Земја ...
Remove ads

Географија и местоположба

Кон крајот на XIX век, жителите на старо Осеново се доселуваат на местото каде што се наоѓа денешното село, на околу 6 километри југоисточно од старото село.

Оддалечено е 28 километри југоисточно од Банско и 34 километри северно од Неврокоп. Се наоѓа на надморска височина од 1262 метри.

Историја

Црквата „Успение на Пресвета Богородица“ е изградена во 1830 година.[2]

Во книгата „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Осеново е село со 75 домаќинства и 250 жители, Македонци.[3]

Во 1889 година Стефан Верковиќ во својата книга „Топографско-етнографски опис - Македонија“ го споменува Осенову како село во 75 македонски[4] куќи.[5]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 1.864 жители, од кои 1.550 Македонци муслимани, 300Македонци[4] и 14 Роми.[6]

Во 1905 година врз темелите на постар храм е изградена црквата „Свети Архангел Михаил“[2]

Remove ads

Демографија

Осеново е мало село. Според пописот од 2011 година во селото живееле 78 жители, сите запишани како Бугари.[4][7]

Културни и природни знаменитости

Потомци на селото, кои во моментов живеат раселени низ цела Бугарија, имаат изградено црква посветена на „Успение на Пресвета Богородица“ во 2005 година, на местото на црквата во старото село Осеново.

Легенди

Над денешното село се издигаат варовнички карпи, кои мештаните ги нарекле Свети Илија. Легендата вели, дека секоја година на ден пред Илинден од шумата слегувал елен на тоа место, кои луѓето го уловувале и го принесувале како жртва на светецот.

Thumb
Фреска на Исус Христос, во црквата „Свети Архангел Михаил“

Меѓу населението се зборува, дека селото Осеново коешто се наоѓа во источниот дел на Бугарија, во близина на Варна, исто така е основано од жители на истоименото пиринско село Осеново.

Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads