Отља
село во Општина Липково From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Отља (албански: Hotla) — село во Општина Липково, Кумановско.
Remove ads
Географија и местоположба
Отља лежи северозападно од Куманово и кумановскиот дел на Скопска Црна Гора (Карадак), во Жеглигово на десниот брег на Липковска Река. Местото е исполнето со планини и котлини, и се наоѓа во близина на селата Липково и Матејче. Отља се наоѓа на падините на Скопска Црна Гора, во селата кои се населени со Албанци муслимани.
Историја
Стопанство
Население
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 1.100 Албанци, 50 Македонци и 50 Роми.[2]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 2.538 жители, од кои 2.485 Албанци и 52 лица без податоци.[3]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[4]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[5]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[6]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]
Родови
Отља е муслиманско село. А порано имало и православно население.
Според истражувањата од 1941 година, родови во селото биле
Православни
- Грујовци (4 к.) доселени биле пред повеќе од 350 години од околината на Вучитрн во Косово. Тогаш во Отла и останатите села на Карадак немало доселени муслимански родови од Албанија. Потоа доста население од Грујовци се иселил во Скопје, Дебар, Матејче и Куманово.
- Петковци (1 к.) доселени биле од околината на Косовска Митровица во Косово. Од овој род имало многу иселеници во Куманово (10 семејства).
- Златанови (1 к.) доселени биле од некое место во Косово. Имале иселеници во Куманово (8 семејства).
- Ѓоргиовци (1 к.) доселени биле од Метохија. Имале иселеници во Куманово (10 семејства).
Муслимански
- Острец (9 к.) и Муратови (18 к.) потекнуваат од фисот Бериша во северна Албанија.
- Ибралар (8 к.) потекнуваат од фисот Гаш во северна Албанија.
- Абазолар (20 к.), Аметалар (17 к.), Пљускалар (8 к.), Дајколар (10 к.), Крачуљ (12 к.), Курталар (12 к.) и Аличко (10 к.) потекнуваат од фисот Красниќи во северна Албанија.[8]
Remove ads
Општествени установи
Самоуправа и политика
Културни и природни знаменитости
Редовни настани
Личности
Култура и спорт
Иселеништво
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads