Оџовци

село во Општина Центар Жупа From Wikipedia, the free encyclopedia

Оџовциmap
Remove ads

Оџовци — село во Општина Центар Жупа, во областа Жупа, во околината на градот Дебар.

Кратки факти
Remove ads
Remove ads

Географија и местоположба

Селото се наоѓа речиси во средишниот дел на територијата на Општина Центар Жупа. Селото се наоѓа во областа Дебарска Жупа, сместено на западната падина на планината Стогово.[2] Селото е ридско, сместено на надморска височина од 860 метри.[2]

До селото води локален асфалтен пат, кој се исклучува од регионалниот пат 2249.

Историја

Оџовци некогаш било маало на селото Баланци, но во 1965 година добило статус на посебно село.[3]

Стопанство

Атарот на селото е заеднички со соседните Бајрамовци и Црно Боци и зафаќа простор од 1,7 км2.[2]

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Македонци.[4]

Селото е мало и во 1971 година броело 132 жители, додека во 1994 година бројот се зголемил на 241 жител, од кои 231 Турци и 10 Македонци.[2]

Според пописот од 2002 година, селото Оџовци броело 220 жители, од кои 203 Турци и 17 Албанци.[5]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 94 жители, од кои 2 Македонци, 10 Албанци, 64 Турчин и 18 лица без податоци.[6]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]
Remove ads

Самоуправа и политика

Кон крајот на XIX век, Оџовци било село во Дебарската каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Центар Жупа, која била една од ретките општини, кои не биле променети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото исто така припаѓало на некогашната Општина Центар Жупа.

Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Дебар.

Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Баланци, во која влегувале селата Бајрамовци, Баланци, Броштица, Голем Папрадник, Горенци, Житинени, Мал Папрадник и Пареши. Во периодот 1950-1952 година селото исто така било дел од некогашната општина Баланци.

Избирачко место

Селото е опфатено во избирачкото место бр. 0557 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште во Центар Жупа. Во ова избирачко место е опфатено и селото Власиќи.[11]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 217 гласачи.[12] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 224 гласачи.[13]

Remove ads

Галерија

Поврзано

Наводи

Loading content...

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads