Палета

From Wikipedia, the free encyclopedia

Палета
Remove ads

Палета[1][2] — тенка рамна површина што сликарите ја користат за мешање бои. Вообичаено се изработува од дрво, пластика, керамика или друг инертен непорозен материјал кој лесно може да се обликува. Поретки се палетите направени од стакло, но бројни сликари наведуваат дека тие се нивните омилени. Најпознатиот вид палета е тенка дрвена палета, направена така што сликарот може лесно да ја држи в рака, како и да ја остави настрана. Палетите за акварел[3][4] најчесто се направени од пластика со вдлабнатини каде што сликарите можат да мешаат бои.

Thumb
Сликарска палета

Првично поимот означувал избор на бои. Палетите се исто така универзален симбол на сликарството и уметноста воопшто, покрај четките, на пример во симболот Microsoft Paint.[5][6] Во дигиталната ера, поимот палета доби и друго значење со кое често се користи во компјутерската графика.[7][8] Покрај тоа, поимот се користи и за кутија со сенки за очи.[9][10][11][12]

Remove ads

Влажни палети

Влажните палети се посебен вид палети каде бојата е постојано влажна за да се спречи бојата да се исуши. Тие се состојат од сунѓер, водоотпорна хартија (на пр. хартија за печење, силиконска хартија или пергамент) и сад во кој се сместува сè. Бојата се става на хартијата и постојано е влажна поради осмозата.[13][14] Влажните палети лесно се прават, но може и да се купат.

Историја

Старите египетски уметници мешале бои на мали штички.[15] Во европското сликарство, палетата се појавува дури во 15 век. На цртежот од 9 век, апостолот Лука е прикажан како ја слика Дева Марија, држејќи сад со боја во раката. Ченино Ченини, во својата расправа „Книга за уметноста“, не ја спомнува палетата, иако детално го анализирал прашањето за мешање бои за прикажување различни теми. Старите мајстори, до ренесансата, кога работеле во масло, претходно ги мешале боите на ист начин како кога сликале со темпера. Џорџо Вазари[16][17] раскажува дека болоњскиот уметник Аспертини[18][19][20] додека работел имал садови со боја на својот појас. На сликата од 1519 година, апостолот Лука е прикажан со многу мала палета, како што забележал Д. Киплик, тогаш палетите биле наменети за нијансирани претходно измешани бои.[21]

Со текот на времето биле избрани два оптимални облици за палети - правоаголни и овални, палетата добила дупка за прст во аголот за полесно држење при работа. Делото на Теодор Мајерн (Ракопис на де Мајерн, 1620 година - составено од разговорите на Мајерн со уметници) дава напатствија за правење палета импрегнирана со лепило. Дрвената штица ќе се натопи во тенџере со раствор од лепило над оган, а потоа ќе се држи под притисок за да се спречи искривување. Како што забележува авторот, таквата палета станува „многу добра“ откако уметникот ќе работи на неа извесно време. Најпогоден материјал за дрвена палета се сметало дрво кое има два важни квалитети - густина и леснотија (јавор, бука, зеленика, круша, јаболко).[15]

Самиот распоред на боите на палетата и нивниот избор може да помогне да се откријат особините на поединечниот стил на уметникот, поединостите за работната постапка. Понекогаш, на личните изложби на мајстори, заедно со нивните дела се изложуваат и палети.[15] Највообичаено било поставување на боите долж горниот раб на палетата според нивниот редослед во спектарот на бои[22][23][24][25] и движењето од светло кон темно. [15] По секое работење, палетата мора да се исчисти со шпатула и да се избрише на суво, оставајќи само чисти бои на неа.

Remove ads

Материјал

Дрвото за палетата не треба да биде иглолисно дрво, и тоа не треба да се искривува или крши. Најдобрите видови дрво се: круша, јавор, орев. Палетата за да не впива масло од боите, се импрегнира со масло, топол восок или е покриена со лак за масло. Се претпочита второто, бидејќи лакот не се раствора со бои за време на работата.[21] Удобните палети се дебели близу отворот за држење на прстите и потенки кон горните и левите рабови. Палетите од шперплоча се јаки, но бидејќи се насекаде со иста дебелина, многу се тешки.

За работа со акварел,[3][4] за да може уметникот да ја види бојата без искривување како што ќе биде поставена на хартијата, палетата мора да биде бела и непроѕирна. Палетите за акварел се направени од порцелан или фајанс, пластика со отвори за разблажени бои. Погодна е метална палета во облик на кутија, чија внатрешност е покриена со бел емајл. Најлесната и најприфатлива опција за палета на акварел е обичен лист бела хартија. За гваш се користат палети од истите материјали.[26][27] Таквите палети може да се користат за прицврстување сунѓери на влажна хартија, сликање во плочки, хартија за впивање.[28][15]

Поврзано

Наводи

Литература

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads