Памир

From Wikipedia, the free encyclopedia

Памирmap
Remove ads

Памирпланински венец во средна Азија што го образува вкрстувањето на Хималаите, Тјеншан, Каракорум, Кунлун и Хиндукуш. Се вбројува меѓу највисоките планини на светот и го носи прекарот „Покривот на светот“ (веројатно превод од персиски).[1]

39°N 72°E

Кратки факти Земји, Региони ...

На други јазици, венецот се нарекува: киргиски: Памир тоолору; персиски: رشته کوه های پامیر Реште Кух-хаје Памир; таџички: Кӯҳҳои Помир; паштунски: د پامير غرونه; ујгурски: پامىر ئېگىزلىكى; урду: پامیر کوهستان; хинди: पामीर पर्वतमाला; кинески: 葱岭 (мктр: „Цунглинг“),[2] но денес почесто 帕米尔 („Памиар“).

Кои сè планини влегуваат во венецот зависи од тоа како се сметаат оние што се надоврзуваат на други масиви.[3] Планините се протегаат претежно во Горнобадахшанската автономна област на Таџикистан и покраината Бадахшан во Авганистан. На север тие продолжуваат во масивот Тјеншан долж Алајската Долина во Киргистан. На југ се спојуваат со Хиндукуш по должината на Ваханскиот Коридор во Авганистан и Гилгит–Балтистан во Пакистан. На исток завршуваат на границата со Кина, но може да се смета и дека навлегуваат во венецот на Конгур, кој понекогаш се смета за составен дел на Кунлун.

Remove ads

Geography

Трите највисоки планини на Памир се Исмаил Самани („Сталинов Врв“ од 1932 до 1962 и „Врв на Комунизмот“ до 1998), со висина од 7.495 м; Ибн Сина (и денес неофицијално познат како „Ленинов Врв“), со висина од 7.134 м; и Корженевскаја, висок 7.105 м.[4]

На планините има доста ледници како што е Федченковиот Ледник долг 77 км, најдолг во некогашниот СССР и најдолг во светот вон поларните региони.[5]

Remove ads

Клима

Thumb
Ливада на Памир на пролет

Планините се прекриени со снег во текот на целата година и се одликуваат со долги и многу студени зими и кратки, свежи лета. Годишното количество на атмосферски врнежи изнесува околу 130 мм, што значи дека вегетација е степска и има мошне малку дрва.

Стопанско значење

Главна стопанска во подрачјето е овчарството, кое се одвива по планинските пасишта. Покрај ова, во западниот дел се експлоатира и јаглен.

Стратешка положба

Памир во историјата играл значајна улога во караванскиот сообраќај меѓу Кашгар и Коканд по Северниот пат на свилата и затоа бил повод за чести борби за превласт над регионот. Северниот пат на свилата (долг 2.600 км) ја поврзувал древната кинеска престолнина Сиан со западните краишта преку Памир, и водел до Кашгар, а потоа сè до Партија.[6] XX век бележи разни поважни настани во регионот. Тука се одвивала Таџикистанската граѓанска војна и се водел граничниот спор помеѓу Кина и СССР (1991). Подоцна во подрачјето се воспоставени воени бази на САД, Русија и Индија,[7] а во поново време постои поголем интерес за развој на трговијата и искористувањето на природните ресурси.[8]

Remove ads

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads