Иње
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Иње[1][2], сињак[3][4], скреж[5][6], укит[7][8] — замрзнати кристали (честички) настанати од влага кои се задржуваат на ладни предмети.


Се јавува главно во зима кога температурата на воздухот е ниска, а на гранките на дрвјата или, да речеме, на оградите нема снежна покривка. Во контакт со нив, водената пареа се згуснува, замрзнува и се претвора во ледени иглички. Ињето секогаш се создава на страната од каде што дува ветер. Припаѓа на ниски врнежи.[9] Се дели на тврдо иње (англиски: hard rime) и обично иње (англиски: soft rime). Тврдот иње е маса слична на мразот и снегот; непроѕирно и зрнесто. Обичното иње се бели слоеви на ледени кристали.
Слични појави во природата се мразот и сланата, со тоа што ињето се создава на пониски температури отколку што е случајот со сланата.
Remove ads
Поврзано
Наводи
Литература
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads