Патичино

поранешно село во Воденско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Патичиноmap
Remove ads

Патичино (Патичина, Патечино Патечина; грчки: Πάτημα, Патима; до 1926 г. Πάτοτσιν, Патоцин[1]; влашки: Paticina) — поранешно село во Воденско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Воден на Постолскиот округ во Централна Македонија, Грција.

Кратки факти Патичино Πάτημα, Земја ...
Remove ads

Географија и местоположба

Селото се наоѓало на југозападните падини на планината Кајмакчалан, на надморска височина од 1.030 м, близу некогашното село Турице.[2]

Историја

Во подалечното минато, селото било македонско, но се распаднало во немирни времиња.[2] Многу подоцна, во втората половина на XIX век Патичино го обновиле Власи-сточари од Епир, кои го откупиле земјиштето од некој турски бег од Ослово.[2]

Во 1848 г. рускиот славист Виктор Григорович го опишал Пачетин како македонско село.[3][4] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Патичино живееле 100 Македонци.[5][6]

По Илинденското востание целото село потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија.[7] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Патичин (Patitchin) имало 72 жители, сите Македонци.[5][8]

Според романски извори, Патичино било влашко село[9] и ова се смета за правилно. Единствениот друг извор што дава исправна информација е Милоевиќ (подолу), додека пак бугарските извори го водат како Македонско (секако, нарекувајќи го „бугарско“), несвесни за етничката промена што настанала во минатото.[2]

Со Букурешкиот договор во 1913 г. селото било припоено кон грчката држава, кога имало 216 жители. Во 1917-18 г. Боривое Милоевиќ го завел како влашко село.[2] Во 1920 г. се заведени 325 жители, сите Власи.[2] Селото било под силна романска пропаганда и многу жители во 1925 г. се иселиле во Романија. Поради ова, во 1928 се заведени само 185 жители, а во 1940 г. само 91 жител.[2]

За време на Втората светска војна во 1944 г. селото настрадало од германската офанзива во јануари 1944 г. Во меѓувреме, повеќе семејства се иселиле во Воден и Негуш. Во 1947 г. во Граѓанската војна дошло до присилно иселување на сточарите од Патичино во Воден, кои во меѓувреме го обновиле селото. По нормализацијата на состојбите, жителите не се вратиле и селото денес е во урнатини.[2]

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads