Периша Савелиќ

From Wikipedia, the free encyclopedia

Периша Савелиќ
Remove ads

Периша Савелиќ - Самсон (Мартиниќи, Црна Гора, 12 септември 1920 Софија, Бугарија), 19 август 1942 [1] ― комунистички деец, Црногорец, учесник во НОВ во Македонија.[2]

Кратки факти Роден, Починал ...
Remove ads

Животопис

Основно образование завршил во родното село, а два класа гимназија во Скопје (татко му бил учител во с. Драчево). Уште како ученик се борел против шовинистичките тенденции на своите професори. Јавно се противставувал против игнорирањето на македонската националност.[1] Не го поднесувал великосрпскиот хегемонизам и против него се борел како свесен член на СКОЈ, во чии редови бил примен рано. Поради своите отворени истапи против режимот и комунистичка активност бил исклучен од гимназијата, па матурирал во Приштина во 1939 година.[1] Во 1939 година извесно време бил интерниран во Билеќа. По враќањето студирал на Филозофскиот факултет во Скопје (1940 година) и бил организационен секретар на МК на КПЈ (1940 година). Развил широка активност и како резултат на тоа во 1940 година биле одржани дури шеснаесет работнички штрајкови и неколку тарифни акции.[2]

Remove ads

Втора светска војна

Thumb
Споменик на местото на куќата на Савелиќ во Скопје

По окупацијата на Југославија, иако родителите му предлагале да се врати во родното место, тој решително одговорил:

„Не! И овде е моја татковина. Ќе останам да се борам заедно со македонскиот народ...“

По Априлската војна (1941) бил секретар на МК и раководител на Воениот штаб на МК на КП во Скопје, при што успешно ги извршил подготовките и го формирал Првиот скопски партизански одред (22 август).

На 26 октомври 1941 година е уапсен при блокада на бугарската полиција. Заедно со уште 24 комунисти, на 27 април 1942 година е изведен пред суд во Скопје и на 9 мај е осуден на смрт со бесење. Откако поминува уште три месеци во скопскиот затвор, на 18 август,[3] заедно со Васил Антевски - Дрен, Љубомир Лековиќ и Чедомир Миленковиќ, е префрлен во затворот во Софија, каде е убиен.[4]

Remove ads

Наводи

Литература

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads