Петар Дрвингов
македонски офицер, револуционер и историчар From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Петар Георгиев Дрвингов — бугарски офицер од македонска народност, полковник во бугарската армија и историчар роден во Кукуш, денес во егејскиот дел на Македонија.
Биографија
Го завршил своето образование во Солунската бугарска машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“ и потоа во Военото училиште во Софија. Учесник е во Горноџумајското востание на ВМОК во 1902 година и во Илинденското востание на ВМОРО во 1903 година. За време на Балканските војни бил начелник на штабот на Македонско-одринскиот доброволен корпус. Во Првата светска воjна е началник на Штабот на Единаесетта пешадиска македонска дивизија од 1915, од мај 1916 година е командир на Први пешадиски македонски полк, а од мај 1917 година e началник на Штабот на Моравската воено-инспекционна област. По воjните како историчар пишува претежно истражувања на воената историjа и националната психологиjа како тие за Македонско-одринскиот доброволен корпус, нападот на Одрин во 1913 година, Единаесетта пешадиска македонска дивизија и моралниот лик на бугарскиот воjник.
Remove ads
Ордени
- Орден „За храброст“
- Орден „Св. Александар“
- Орден „За заслуга“
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads

