Пабло Пикасо

From Wikipedia, the free encyclopedia

Пабло Пикасо
Remove ads

Пабло Пикасо, формално Пабло Луис Пикасо (Малага, 25 октомври 1881 Мужен, 8 април 1973 ) — шпанско-француски сликар, кој се смета за еден од најголемите мајстори на сликарството во XX. век. Заедно со Жорж Брак, тој е најпознат како основач на кубизмот. Посебно место во неговиот уметнички опус заземаат композициите „Госпоѓиците од Авињон“, „Герника“ и големата ѕидна слика во палатата на УНЕСКО во Париз.

Thumb
Пабло Пикасо (1962)
Thumb
Signatur Pablo Picasso
Remove ads

Творештво

Работата на Пикасо често се категоризира во неколку периоди: Син период, Розов период, период под влијание на африканската уметност, аналитичкиот кубизам и периодот на синтетичкиот кубизам. Се тврди дека неговото најпознато дело е описот на бомбардирањето на Герника во Шпанија. Герника ги претставува нехуманоста, бруталноста и безнадежноста на војната. Сликата многу години била изложена во Музејот на современа уметност во Њујорк. Пикасо не дозволувал сликата да се врати во Шпанија сè додека таму повторно не биде воспоставена демократијата. Во 1981 година, сликата „Герника“ била вратена во матичната земја и, од 1992 година, таа е една од главните атракции на Мадридскиот музеј Reina Sofia.

Пикасо умрел во својата вила, во малото место Мужен, на француската ривиера.

Remove ads

Изложби на Пикасо во Македонија

Пикасо многу се соживеал со скопската трагедија од земјотресот во 1963 година и со солидарната акција за собирање уметнички дела. Тој меѓу првите се огласил, испраќајќи ја својата позната слика „Глава на жена“, која е изложена во Музејот на современата уметност. Од 19 февруари до 16 март 2016 година, во Младинскиот културен центар во Скопје биле изложени 46 графички дела на Пикасо - факсимили на цртежи, литографии и гравури, создадени од 1932 до 1969 година. На изложбата биле прикажани графики од три мапи: „Двојна флејта“, која содржи 16 литографии од периодот меѓу 1932 и 1955 година; мапата „Фауна и флора од Антиб“, со девет литографии и; мапата „Цртежите на Пикасо“, со 16 факсимили на цртежи од периодот 1942-1946 година.[1]

Remove ads

Пикасо како тема во уметноста и во популарната култура

  • „Пикасовата прошетка“ — песна на францускиот поет Жак Превер.[2]
  • „Пабло Пикасо“ (Pablo Picasso) — песна на американската рок-група Модерн Лаверс (The Modern Lovers) од 1976 година.[3]

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads