Петар Ширилов
македонски раскажувач, романописец и книжевен критичар From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Петар Ширилов (18 мај 1934 во Горничево — 5 септември 1988 во Скопје) — македонски раскажувач, романописец и книжевен критичар.[1]
Remove ads
Животопис
Завршил средно земјоделско училиште во Струмица, а студирал на Филозофскиот факултет во Скопје.
Работел во културната рубрика Радио Скопје, а потоа бил уредник во весникот „Трудбеник“. Бил член на редакцијата на „Современост“.
Член е на Друштвото на писатели на Македонија од 1964 година.
„И покрај тоа што критиката не му беше особено наклонета, Ширилов остави незаборавни страници во македонската литература“ - забележал Георги Сталев во книгата Последниве сто години македонска книжевност.
Remove ads
Книжевно творештво
Дел од делата на Ширилов се следниве:[2]
- За детството и светулките (раскази, 1961)
- Заветрина спроти виулицата (роман, 1962)
- Плачат оние планини за мене (роман, 1965)
- Светогорци (роман, 1966)
- Бунт во каменот (раскази, 1966)
- Од болот до метафората (есеи, 1971)
- Црноборје (роман, 1972)
- Историја и револуција (огледи и студии, 1973)
- Мислата и делото на Димитар Митрев (монографија, 1974)
- Земја во дулбија (роман, 1976)
- Света шума (роман, 1978)
- Геометри (раскази, 1988)
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads