Плоски
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Плоски — село во Општина Свети Врач, Пиринска Македонија, во југозападниот дел на Бугарија.
Remove ads
Географија и местоположба

Селото Плоски се наоѓа во западните падини на Пирин Планина, оддалечено 6 километри од главниот пат E79 и на 16 километри од општинскиот центар Свети Врач, на 62 километри од Горна Џумаја и на 155 километри од главниот град Софија. Сместено е на надморска височина од 544 метри.
Историја
Во близина на селото пронајдени се остатоци од тракиско и римско време, но и од средновековниот период. Подоцна за време на Отоманското Царство селото станува турски чифлик.[2]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 1.340 жители, од кои 750 Турци, 400 Македонци[3], 190 Роми.[4]
По Балканските војни во Плоски се населуваат Македонци - бежанци од Егенсја Македонија и од областа Каршијак во Пиринска Македонија - главно од селата Игралиште, Махалата, Палат.[2]
Во 1914 година на највисоката точка во селото е изградена црквата „Успение на Пресвета Богородица“.
Remove ads
Стопанство
Демографија
Според пописот од 2011 година, во селото живееле 631 жител.[5]
На табелата е прикажан националниот состав на населението во селото:[6]
националност | број | % |
Бугари | 601 | 95,2 |
Роми | / | 0 |
Турци | / | 0 |
други | / | 0 |
не се самоопределиле | / | 0 |
не одговориле | 30 | 0 |
Вкупно | 631 | 100 |
На табелата е прикажан бројот на населението во Плоски за периодот 1934-2011:[7]

Remove ads
Општествени установи
Самоуправа и политика
Културни и природни знаменитости
Редовни настани
Личности
- Иван Катарџиев (6 јануари 1926 - Скопје, Македонија, 1 декември 2018) — македонски историчар, еден од основоположниците на македонската историска наука и академик
Култура и спорт
Иселеништво
Надворешни врски
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads