Попадија (Леринско)
историско село во Леринско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Попадија (грчки: Παπαδιά, Пападија) — поранешно село во Егејска Македонија, Република Грција, во општината Лерин, во областа Западна Македонија. Од пописот од 1991 година жителите на ова село се опфатени во составот на селото Сетина, кон кое припаѓа[2] и самото село нема жители.
Remove ads
Географија и местоположба
Попадија е сместена на северозападните падини на планината Кајмакчалан, по течението на Стара Река. Селото се наоѓа на надморска висина од 900 м и од сите страни е опкружено со планински врвови. Во котлинското место на селото денес е вештачката акумулација „Попадија“.
Историја
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Попадија се води како чисто македонско село во Леринската каза на Битолскиот санџак со 6 куќи.[3]
На 6 октомври 1907 година Попадија била нападната од андартските капетани Димитриос Папавиерос и Емануил Кацигарис, кои запалиле 12 куќи.[4]
Селото целосно настрадало во Грчката граѓанска војна при што повеќето од жителите се засолнале во Република Македонија, а дел во соседното село Сетина[2].
Селото е обновено во седумдесеттите години и во пописот од 1981 година е регистрирано со 17 жители, а од 1991 година жителите се евидентираат во Сетина.
Remove ads
Демографија
На почетокот на XX век според К’нчов селото броело 50 жители, а Милоевиќ наведува 20 македонски куќи. Движењето на населениото по години е следното[2]:
- 1913 - 73 жители
- 1920 - 98 жители
- 1928 - 135 жители
- 1940 - 149 жители
Личности
Родени во Попадија
- Вангел Димитровски (р. 1943) — македонски стоматолог
- Илија Попадиски (1861 – ?) — македонски револуционер од ВМОРО.
- Ристо Стојанов Канзуров (1886 – ?) македонски револуционер од ВМОРО. Учествувал во Илинденското востание. И соработувал со Илија Попадиски и Георги Поп Христов. Од 1946 година живеел во град Скопје.[5]
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads