Пополжани (Леринско)

From Wikipedia, the free encyclopedia

Пополжани (Леринско)map
Remove ads

Пополжани или Папажани (грчки: Παπαγιάννης, Папајанис; до 1928 г. Παπαζάνη / Ποπόζιανη, Папазани / Попозяни), поретко: Вакуф Ќој (Βακούφ Κιόι)[2]) — село во Леринско, Егејска Македонија, денес во општината Лерин на истоимениот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 581 жител (2011), сочинето исклучиво од Македонци.[3]

Кратки факти Пополжани Παππαγιάννης, Земја ...
Remove ads

Географија

Селото е сместено во Леринското Поле, крај желзничката линија за Битола. Лежи 12 км североисточно од Лерин на брегот на Сакулева Река.

Историја

Во Отоманското Царство

Thumb
Средишната црква на Пополжани во 1917 г.

Селото е основано на денешното место околу 1700 г., а пред тоа се наоѓало на местото на сегашната шумичка Вакуфска Корија на ридот Страната.[4] Во 1861 г. на неговата етничката карта Јохан фон Хан го обележал Вакуфќој (Wakufkjoi) како македонско село.[5][6] Во почетокот на XX век Пополжани било чисто македонско село во Леринската каза. Според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Пополжени (Вакуф Ќој) (Попължени (Вакъвъ Кьой)) живееле 1.100 Македонци христијани.[7][8] На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Вакуф-кеј (Попожени) се води како чисто македонско село во Леринската каза на Битолскиот санџак со 127 куќи.[9] На почетокот на XX век целото село потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија и во него работела бугарската пропаганда. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. селото имало 1.088 Македонци под егзархијата и во него работело основно бугарско училиште со 1 учител и 54 ученици.[7][10]

Раководител на месниот комитет на Македонската револуционерна организација бил попот Стефан Скендеров[11].

Во 1903 г. жителите на селото зеле учество во Илинденското востание. Грците го сметале за непријателско и на повеќе наврати го напаѓале. На почетокот од XX век многу жители на Пополжани се иселиле во САД. Според Боривое Милоевиќ, пред Балканските војни селото броело 120 македонски куќи.[3]

Во Грција

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 887 жители. Во 1920 г. во Пополжани се попишани 750 жители.[3] Во 1926 г. властите го преименувале во Папајанис.[12] Според пописот од 1928 г. во селото живееле 930 лица.[3] Во 1940 г. селото се накачило на 1.334 лица поради големиот природен прираст, и покрај иселувањата во прекуокеанските земји, Вардарска Македонија, Бугарија и во градот Лерин.[3]

Во меѓувоениот период населението било под силно иследување на грчката државна безбедност и обележано како село со претежно антигрчки или нејасен став. Селото не пострадало во Граѓанската војна,[13] но сепак извесен број семејства се иселиле во Р Македонија.

По периодите по војната е забележано иселување на 200 лица во прекуокеанските земји.[3] Ова особено зело замав во 1960-тите. Друг бран на иселување се јавил во 1990-тите и понатаму, каде поворно е забележан значаен пад на бројот на жители.

Според истражување од 1993 г. Пополжани е чисто „словенојазично“ село во кое македонскиот јазик е зачуван на средно ниво.[14]

Remove ads

Верски објекти

Во селото се наоѓаат следниве верски објекти:

  • Св. Никола“ — црква изградена од 1908 до 1912 г.
  • „Св. Константин и Елена“ — манастир изграден во 1962 г.
  • „Свети Никодим“ — црква во месноста Дивио Рид

Друштва

  • Граѓанско здружение „Александар Велики“
  • Женски клуб
  • Спортски клуб „Арис“.

Население

Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Стопанство

Главни производи на Пополжани се житото и сточарските преработки.[3]

Личности

Thumb
Поп Стефан Скендеров, раководител на МРО во селото.
Thumb
Мицко Солаков
Родени во Пополжани
  • поп Стефан Скендеров (1855 – ?) — раководител на месниот комитет МРО во селото
  • поп Димитар Скендеров (1885 – ?) — револуционер, деец на МРО
  • Мицко Солаков (1890 – 1928) — револуционер
  • Никола Ангелов (1884 – ?) — револуционер, борец во Балканските војни
  • Живко Попов (? – 1947) — деец на СНОФ[15]
  • Трајан Стеловски (1920 – 1946) — деец на СНОФ
  • Ристо Бакалот — деец на СНОФ
  • Тодор Глувчев — деец на СНОФ
  • Доне Димов — деец на СНОФ
  • Гавре С. Динов — деец на СНОФ
  • Пандо К. Цакле — деец на СНОФ
Починати во Пополжани
  • Георгиос Василиу, (? - 1927) — гркомански андарт, починал во Пополжани или во Сакулево
  • Нацо Кочев (? – 1908) — револуционер на МРО
  • Ѓорѓи Суљов (Γεώργιος Σούλιος) — гркомански андартски деец, четник кај Цондос, Каудис, Фалирејас и Макрис[16]
Remove ads

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads