Призна

поранешно село во Ениџевардарско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Признаmap
Remove ads

Призна (грчки: Βραστή, Врасти; до 1926 г. Πρίσνα, Присна[1]) — поранешно село во Ениџевардарско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Постол на истоимениот округ во областа Централна Македонија, Грција. Постоело сè до 1935 г.[2]

Кратки факти Призна Βραστή, Земја ...
Remove ads

Географија

Селото се наоѓало 2 км североисточно од Пласничево и југозападно од градот Пазар (Ениџе Вардар).

Историја

Во Отоманското Царство

На крајот на XIX век Призна било етнички мешано село во Ениџевардарска каза. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“), во 1900 г. во Призна живееле 65 Македонци и 95 Роми.[3][4] Сите жители на селото биле под врховенството на Цариградската патријаршија (грчката црква). По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 г. во Призна имало 80 Македонци под патријаршијата.[5]

На 22 ноември 1909 г. гркоманскиот андартски капетан Гоно Јотов дал отчет за свршената работа како деец на вооружена грчка пропаганда во Ениџевардарско:

На 20.05 со цел само да задржам некои, за да им дадам напатствија да му се вратат на православието [мислејќи на Цариградската патријаршија], тргнав за селото Јанчишта. Но не успеав да задржам никого, и убив еден од оние што сакаа да избегаат. Потоа отидов во Призна и се занимавав повеќе со тоа да ги заплашам луѓето, и со тоа да ги убедам дека селата од Сланица треба да ѝ се вратат на православната вера [Патријаршијата]. Имав добар резултат со селата Балџа, Кариотица, Призна, Вреж, Плугар, Пласна, Голо Село и Власи.[6]

Според српскиот географ Боривое Милоевиќ, пред Балканските војни селото се состоело од 14 куќи на Македонци христијани и 5 куќи на Роми муслимани.[2]

Во Грција

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата 1913 г. селото броело 82 жители, а во 1920 г. имало 90.[2] Во 1924 г. властите иселиле 61 Македонец во Бугарија. а останатите се прибрале во соседното Пласничево.[2] Во 1926 г. селото е преименувано во Врасти.[7] Доведени се извесен број грчки колонисти, што се гледа на пописот од 1928 г. каде се заведени 55 жители, од кои 22 биле грчки дојденци. Од тие жители, 51 биле мажи а само 4 жени, што укажува дека селото било претворено во имоти на кои работеле наемни работници.[2] По извршените мелиорации на Ениџевардарското Блато во 1930-те, Призна сосема се распаднала, и нејзиниот атар е присоединет кон Пласничево.[8].

Remove ads

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads