Примеира лига 2023-2024

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Примеира лига 2023-2024 (позната и како Liga Portugal Betclic 2023-2024,[1] поради спонзорски причини) било 90-тото издание на Примеира лигата, највисокото ниво на професионалните фудбалски лиги во Португалија. Сезоната започнала на 11 август 2023, а завршила на 19 мај 2024.

Кратки факти Примеира лига 2023-2024 Liga Portugal Betclic 2023-24, Натпреварување ...

Екипата на Бенфика влегла како бранител на титулата од претходната сезона. Мореиренсе, Фаренсе и Ештрела Амадора биле трите нови екипи, откако обезбедиле промоција во Сегунда лига 2022-2023. Тие ги замениле Маритимо, Пасош де Фереира и Санта Клара, кои како трите најслабопласирани екипи во претходната сезона испаднале во второто ниво за сезоната 2023-2024.

На 5 мај 2024, Спортинг Лисабон станал шампион во ова издание на лигата, на две кола пред крајот, по поразот на нивниот најголем конкурент Бенфика со 2–0 на гости кај Фамаликао, освојувајќи ја 20-тата првенствена титула во историјата на клубот и прва од сезоната 2020–2021. Тие, заедно со Бенфика, исто така, се квалификувале за Лигата на шампионите 2024-2025. Третопласираниот Порто, кој воедно бил и освојувач на Купот на Португалија, се квалификувал за групната фаза на УЕФА Лига Европа 2024-2025, а за истото натпреварување се квалификувала и четвртопласираната Брага, која ќе започне од второто квалификациско коло. Петтопласираната екипа, Виторија Гимараеш, се квалификувала за УЕФА Лигата на конференции 2024-2025.

Трите екипи кои испаднале од лигата во оваа сезона биле Визела, Шавеш и Портимоненсе, последните како поразени во баражот за опстанок.

Најдобар стрелец во оваа сезона бил Виктор Ѓекереш од шампионот Спортинг Лисабон со 29 гола.

Remove ads

Општо

Формула

Откако Португалија паднала од шесттото на седмото место на УЕФА коефициентот по крајот на сезоната 2022–2023, загубила едно место во Лигата на шампионите и сега само двете најдобропласирани екипи можат да се квалификуваат за ова натпреварување (шампионот влегува директно во групната фаза, а второпласираниот започнува од третото квалификациско коло). Победникот на Купот на Португалија се квалификува за групната фаза на Лига Европа, додека третопласираната екипа се квалификува за второто квалификациско коло во истото натпреварување. Четвртопласираната екипа, пак, се квалификува за второто квалификациско коло на Лигата на конференции.[2][3] Претпоследно и последнопласираната екипа испаѓаат во Сегунда лига, додека екипата која ќе заврши на 16-тото место, ќе игра бараж за опстанок со третопласираната екипа од второто ниво, по кои победникот ќе игра во Примеира лига следната сезона, додека поразениот во Сегунда лига.

Промена на екипи

Мореиренсе, Фаренсе и Ештрела Амадора биле трите нови екипи во лигата, кои избориле промоција во Сегунда лига 2022-2023, заменувајќи ги Маритимо, Пасош де Фереира и Санта Клара, кои како трите најслабопласирани екипи испаднале во претходната сезона. Мореиренсе се вратиле во највисоката фудбалска дивизија на Португалија после само една година отсуство, Фаренсе после две, додека Ештрела Амадора изборила промоција во Примеира лига за првпат во нејзината историја од реосновањето на клубот во 2020 година, или по четиринаесет години отсуство, ако се смета кога за последен пат во лигата се натпреварувал клубот со истото име кој банкротирал во 2011 година.

Оваа сезона, исто така, била одбележана како прва сезона од 1984–1985 во која нема екипи од Азорите или Мадејра островите во првата лига.

Remove ads

Екипи

Повеќе информации Место, Окрузи во Португалија ...

Стадиони и локации

Thumb
Фамаликао
Фамаликао
Жил Висенте
Жил Висенте
Мореиренсе
Мореиренсе
В. Гимараеш
В. Гимараеш
Визела
Визела
Лисабон
Лисабон
Ешторил
Ешторил
Ештрела Амадора
Ештрела Амадора
Боавишта
Боавишта
Рио Аве
Рио Аве
Фаренсе
Фаренсе
Портимоненсе
Портимоненсе
Арука
Арука
Шавеш
Шавеш
Локации на екипите во Примеира лига 2023–2024
Повеќе информации Екипа, Сезона ...
Remove ads

Личности и спонзори

Повеќе информации Екипа, Тренер ...

Завршна табела [4]

Повеќе информации Поз., Екипа ...

Легенда:

      Шампион на Португалија и се квалификува за УЕФА Лига на шампиони 2024-2025
      Се квалификува за групната фаза на УЕФА Лига на шампиони 2024-2025
      Се квалификува за групната фаза на УЕФА Лига Европа 2024-2025
      Се квалификува за второто квалификациско коло на УЕФА Лига Европа 2024-2025
      Се квалификува за УЕФА Лига на конференции 2024-2025
Ќе игра во Баражот промоција-испаѓање
      Испаѓа во Сегунда лига 2024-2025

Нотес:

Три бода за победа, еден за нерешено, нула за пораз.
Рангирањето се спроведува согласно следните критериуми:
  • Освоени бодови
  • Освоени бодови во меѓусебните натпревари
  • Гол разлика во меѓусебните натпревари
  • Головите постигнати на гостински терен во меѓусебните натпревари
  • Вкупна гол разлика
  • Добиени натпревари
  • Вкупно постигнати голови
  • Бараж

Шампионскиот тим

Повеќе информации Формација (3-4-3), Играчи (настапи) ...
Remove ads

Бараж промоција-испаѓање

Во баражот за промоција и испаѓање играат шеснаесеттопласираната екипа во Примеира лига и третопласираната екипа во Сегунда лига.

Повеќе информации Резултати, Град и дата ...

Статистика

Екипна

Лидери на табелата

Повеќе информации Спортинг, Спо ...

Создавање на пласманот

Повеќе информации 1., 2. ...

Поединечна

Листа на стрелци

Aggiornata al 18 maggio 2024.

Повеќе информации Гол, Играч ...
Remove ads

Награди

Месечни награди

Годишни награди

Тим на годината[5]
Повеќе информации Тим на годината ...
Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads