Виктор Ѓекереш

From Wikipedia, the free encyclopedia

Виктор Ѓекереш
Remove ads

Виктор Еинар Ѓекереш (роден на 4 јуни 1998 година, во Стокхолм) — шведски фудбалер, напаѓач на Спортинг Лисабон и на шведската репрезентација.

Кратки факти Виктор Ѓекереш, Лични податоци ...
Remove ads

Биографија

Ѓекереш е роден и израснал во Стокхолм,[1] но има унгарско потекло преку неговиот дедо.[2]

Тој бил во врска со шведската фудбалерка, Аманда Нилден во 2018 година.

Технички карактеристики

Тој е централен напаѓач, но може да се адаптира и во улогата на лево крило, благодарение на способноста за втручување во празен простор и добрата физичка подготвеност.

Клупска кариера

Бромапојкарна

Ѓекереш потпишал за Бромапојкарна од ИФК Аспуден-Телус во 2013 година и се приклучил на тимот под 17 години. Тој напредувал низ младинските категории и се изборил за своето деби за првиот тим две години подоцна.[3] Тој ги постигнал своите први голови за клубот на 20 август 2015 година, тресејќи ја мрежата на ИФ Силвија два пати во победата со 3–0 во Купот на Шведска.[3] Првата професионална сезона во кариерата, Ѓекереш ја завршил со вкупно 12 настапи, 8 во Суперетан (втората лига на Шведска) и 4 во Купот на Шведска, постигнувајќи три гола - сите во купот.

Откако клубот претрпел испаѓање во 2015 година, следната сезона Ѓекереш постигнал седум гола со кои и помогнал на Бромапојкарна да обезбеди промоција назад во Суперетан.[4] Во текот на истата сезона, тој помогнал Бромапојкарна да стигне до полуфиналето на Купот на Шведска, откако го постигнал победничкиот гол во четвртфиналето против тимот од највисоката дивизија, Елфсборг, за сензационалната победа со 2-1.[5] Сепак, Бромапојкарна не можела да мине понатаму во натпреварувањето, откако биле поразени со 4-0 од Норшепинг во полуфиналето.[6]

Сезоната 2017, била таа во која Ѓекереш ја покажал својата класа: тој постигнал 13 гола во Суперетан и како најдобар стрелец на Бромапојкарна во првенството му помогнал на клубот да избори втора промоција по ред и да се квалификува за Алсвенскан (најсилната фудбалска дивизија во Шведска), како шампион. Добрите игри му донеле интерес кон него од многу европски екипи, пред конечно да потпише две ипол годишен договор со англискиот клуб член на Премиер лигата, Брајтон, на 6 септември 2017 година.[7][8] На 4 ноември, во последното коло од првенството што ќе се испостави и како последниот натпревар на Ѓекереш за Бромапојкарна, тој постигнал хет-трик во победата со 4-1 на домашен терен над Гефле.[9][10][11]

Брајтон

Ѓекереш официјално му се приклучил на Брајтон на 1 јануари 2018 година, започнувајќи да тренира со тимот под 23 години.[9] Тој го направи своето деби за првиот тим на 28 август, започнувајќи во поразот со 1–0 од Саутхемптон во Лига купот.[12] На 26 јануари 2019, Ѓекереш го направил своето деби во ФА Купот играјќи во ремито 0–0 на домашен терен против Вест Бромвич Албион.[13]

Во јули 2019, тој заминал на позајмица во германскиот второлигаш Санкт Паули до крајот на сезоната 2019-2020.[14] На отворањето од сезоната, тој го имал своето деби влегувајќи како замена во ремито 1–1 на гостувањето кај Арминија.[15] Ѓекереш го постигнал својот прв гол за Санкт Паули на 29 септември, вториот на тимот во победата со 2–0 на домашен терен над Сандхаузен.[16] На 14 декември, тој постигнал два гола и асистирал за третиот во победата со 3-1 над Веен Висбаден.[17] После 26 настапи и 7 гола за Санкт Паули во Втората Бундеслига, Ѓекереш се вратил во Брајтон.

На 17 септември 2020 година, Ѓeкереш го постигнал својот прв гол за Брајтон во победата со 4–0 против Портсмут во Лига купот.[18] Откако не успеал да се избори за позначајна улога во ротацијата на тимот за натпреварите од Премиер лигата, тој бил пратен на нова позајмица на почетокот на октомври 2020.

На 2 октомври 2020 година, Ѓекереш му се приклучил на Свонзи Сити во Чемпионшип до крајот на сезоната.[19] Тој го направил своето деби еден ден подоцна, влегувајќи како замена во победата на домашен терен од 2–1 над Милвол.[20] Тој го постигнал својот прв гол за клубот на 9 јануари 2021 година, во победата со 2-0 на гостински терен над Стивениџ во ФА Купот.[21] Пет дена подоцна, тој бил отповикан од Брајтон и се вратил во матичниот клуб.[22]

Ковентри Сити

Еден ден подоцна, откако неговата позајмица во Свонзи била прекината, Ѓекереш бил испратен на нова во истата лига, овојпат во Ковентри Сити, со надеж дека ќе има повеќе простор за игра.[23][24] Дебитирал на 19 јануари 2021, играјќи од почетокот до 59-тата минута во поразот со 3–0 на гости кај Рединг.[25][26] Тој постигнал гол во својот прв настап на Сент Ендрјус за Ковентри во победата со 2-0 над Шефилд Венздеј на 27 јануари; тоа бил неговиот прв првенствен гол во Англија, бидејќи сите претходно за Брајтон и Свонзи биле во некој од куповите.[27] До крајот на неговата позајмица во Ковентри, Ѓекереш постигнал уште два гола.

На 9 јули 2021 година, Ковентри го купил Ѓекереш од Брајтон за нешто повеќе од 1 милион евра, потпишувајќи тригодишен договор со напаѓачот.[28][29] На 8 август, тој постигнал гол во натпреварот Ковентри-Нотингем Форест 2-1, што бил првиот натпревар за Ковентри на својот стадион од април 2019, време за кое тие привремено играле во Бирмингем.[30] Сезоната 2021-2022, Ѓекереш ја завршил како најдобар стрелец на Ковентри со 17 голови во Чемпионшип.

За време на сезоната 2022-2023, Ѓекереш со 21 гол повторно бил најдобар стрелец на Ковентри во првенството, дури подобрувајќи го својот прошлосезонски учинок. Неговите голови му помагаат на Ковентри да се одржува високо на табелата речиси во текот на целиот тек на сезоната и да се надева на промоција во Премиер лигата која би значела враќање во елитата за првпат од сезоната 2000-2001. Сепак, на крајот клубот завршил на петтото место и се квалификувал за плејоф доигрувањето за промоција. Во реванш натпреварот од полуфиналето на плејофот против Мидлсбро, Ѓекереш му асистирал на Густаво Хамер за победа од 1-0 на гости, гол кој Ковентри го одвел во финалето на Вембли. Во финалето против Лутон Таун, тој одново му асистирал за гол на Хамер, овојпат за израмнување на 1-1. Сепак, на крајот Ковентри го загубиле натпреварот по изведување на пенали, иако Ѓекереш бил еден од прецизните изведувачи за својот тим.

Спортинг Лисабон

На 13 јули 2023, Ѓекереш потпишал петгодишен договор со португалскиот Спортинг Лисабон.[31] Вредноста на трансферот го чинела Спортинг 20 милиони евра (плус 4 милиони евра во бонуси).[32][33] Ковентри исто така го задржал правото на 10 до 15% од сумата што Спортинг ќе ја добие од идниот трансфер на Ѓекереш, а во договорот била вметната и ослободителна клаузула поставена на 100 милиони евра.[34]

На 12 август, тој го направил своето деби за лавовите, започнувајќи и постигнувајќи два гола во победата со 3–2 на домашен терен над Визела во првото коло од португалското првенство 2023-2024.[35] На 21 септември, на своето деби во Европските натпреварувања, Ѓекереш постигнал гол во победата со 2–1 на гостувањето кај Штурм Грац, во групната фаза на Лига Европа.[36] Во истото натпреварување, на 26 октомври, тој го добил првиот црвен картон во неговата клупска кариера, за време на гостувањето на Спортинг кај полската екипа Ракув Ченстохова.[37] На 2 ноември, на своето деби во Лига купот на Португалија, Ѓекереш постигнал хет-трик во победата на домашен терен со 4–2 над Фаренсе.[38] Десет дена подоцна, тој постигнал гол во поразот со 2–1 во лисабонското дерби во првенството на гостувањето кај Бенфика.[39] На 26 ноември, дебитирал во Купот на Португалија, влегувајќи како замена во второто полувреме и го постигнал последниот гол на Спортинг во убедливата победа од 8–0 на домашен терен над четвртолигашот Думиенсе.[40] На 19 декември, тој постигнал гол и забележал асистенција за важната победата со 2–0 во дербито против Порто во првенството.[41]

На 5 јануари 2024 година, Ѓекереш направил четири асистенции во првенствената победа од 5–1 на домашен терен против Ешторил.[42] На 17 март, тој го постигнал својот прв хет-трик во Примеира, втор општо како играч на Спортинг, во победата со 6–1 над Боавишта.[43] На 29 април, Спортинг бил во негатива од 2-0 на гостувањето кај Порто, кога тој постигнал два брзи гола во 87-мата и 88-мата минута за да израмни на 2–2, резултат кој бил конечен на овој натпревар и со кој Спортинг осигурал да остане на врвот на првенствената табела, со пет бода пред Бенфика.[44][45] На 5 мај, Спортинг математички ја обезбедил својата 20-та титула во Примеира, по поразот на Бенфика од Фамаликао,[46] за која Ѓекереш придонел со 29 гола (вклучително и двата во последното коло против Шавеш) кои нему му ја донеле наградата Бола де Прата за најдобар стрелец во првенството.[47] Со тоа, тој станал само вториот швеѓанец кој станал најдобар стрелец во португалското првенство по Матс Магнусон во сезоната 1989-1990.[48] Тој, исто така, бил прогласен за најдобар играч во првенството и бил вклучен во најдобрите XI за сезоната.[49] На 28 мај, два дена по неговиот настап за клубот во финалето на Купот на Португалија, Ѓекереш бил опериран на левото колено во Лисабон.[50]

Remove ads

Репрезентативна кариера

Ѓекереш ја претставувал Шведска во младите репрезентации под 19 и под 21 година.

Своето деби за сенироската репрезентација го направил на 8 јануари 2019, во поразот со 0-1 од Финска во пријателски натпревар одигран во Доха, Катар.[51] Три дена подоцна, во друг пријателски натпревар одигран во истиот град, Ѓекереш го постигнал својот прв гол за својата репрезентација во ремито 2-2 против Исланд.[52]

По повеќе од две ипол години, во октомври 2021 година, тој повторно бил повикан во репрезентацијата за квалификациските натпревари за Светското првенство 2022 против Косово и Грција,[53] појавувајќи се замена и во двата натпревари.

На 12 јуни 2022, Ѓекереш влегувајќи повторно од клупата за резерви постигнал гол во Лигата на нации, во поразот на Шведска во Осло од Норвешка со 3-2.[54] Во квалификациите за Европското првенство 2024, тој постигнал 3 гола во 8 настапи, вклучително и погодокот на 16 октомври 2023 година, со кој и донел водство на Шведска во 15-тата минута на гостувањето против Белгија пред Ромелу Лукаку да израмни, а потоа натпреварот бил прекинат на полувремето по смртоносното пукање во Брисел поврзано со исламистите, кое предизвикало убиство на двајца Швеѓани пред стадионот.[55] Неговите голови во квалификациите, сепак не биле доволни да и помогнат на Шведска да се квалификува на првенството.

Хронологија на репрезентативните настапи

Повеќе информации Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Шведска, Дата ...
Remove ads

Статистика

Клупска статистика

Повеќе информации Сезона, Клуб ...

Репрезентативна статистика

Повеќе информации Репрезентација, Година ...

Хет-трикови

Повеќе информации Хет-трикови, Дата ...
Remove ads

Титули

Клупски

Шведска Бромапојкарна

  • Дивизија 1 : 1
2016
  • Суперетан : 1
2017

Португалија Спортинг Лисабон

2023-2024, 2024-2025
  • Куп на Португалија : 1
2024-2025

Поединечни

2023-2024 (29 гола), 2024-2025 (39 гола)
  • Шведски фудбалер на годината: 2024
Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads