Пурлида

село во Серско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Пурлидаmap
Remove ads

Пурлида или Порлида (грчки: Λιμνοχώρι, Лимнохори; до 1927 г. Πουρλίδα, Пурлида или Πορλίδα, Порлида;[2] 1927-1955 г. Κογχύλια, Конхилија[3]) — село во Серско, Егејска Македонија, денес во општината Долна Џумаја на Серскиот округ, Грција. Сè до 1920-тите било населено исклучиво со Македонци, а денес е мешано.[4]

Кратки факти Пурлида Λιμνοχώρι, Земја ...
Remove ads

Географија

Селото се наоѓа во Серското Поле, северозападно од градот Сер и западно од Долна Џумаја. Лежи на источниот брег на Бутковското Езеро.

Историја

Во Отоманското Царство

ВО XIX век Пурлида било село во Серската каза.

Во 1891 г. Георги Стрезов напишал за селото:

Порлида, мало селце, 112 часа до Џумаја, на З до Струма. Од пакостите на реката селаните се принудени да се иселуваат, така што сега останаа само 15 куќи Македонци.[5] Чифлик. Рамницата на која се сместени горните четири села[6] се нарекува Прокопанско Поле и е едно од најплодните. Струма изобилно го напојува и често си ја менува дури и матката. На Ј е орманот, густ со вековни врби и тинести блата, така што климата е нездрава и поддржува секакви мијазми. Во орманот има многу диви свињи, јазовец, чакали; по пределите се шетаат и питоми свињи.[7]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. селото брои 160 жители Македонци христијани.[8][9]

Во селото работеле бугарската и грчката пропаганда. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. христијанското население на Парлида (Parlida) се состои од 80 жители Македонци под Цариградската патријаршија. Во селото работело бугарско основно училиште.[10]

Во Грција

За време на Првата балканска војна селото е окупирано од бугарска војска, а по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Жителите на селото, заедно со оние на Мантар и Бурсук им се протиставувале на грчките денационализаторски мерки и одбивале да плаќаат владичина, да се поздравуваат на грчки за Велигден, да признаваат грчки поп и да одат во црква, а децата не ги пуштале во училиште бидејќи во него бил воведен грчкиот јазик.[11] Во 1913 г. селото имало 209 жители, а во 1920 г. тоа се намалило на 178 лица. Во 1924 г. под притисок на властите неколку семејства (39 лица) се иселиле во Бугарија. На нивно место власта довела грчки колонисти. Така, на пописот од 1928 г. Пурлида имала 216 жители, од кои 54 лица (18 семејства) биле грчки дојденци.[4] По 1935 г., откако е извршена мелиорација и регулација на коритото на Струма, селото Бурсук е потопено, и неговите жители се доселиле во Пурлида. Затоа на пописот од 1940 г. Пурлида се зголемила на 525 жители. Бугарска статистика од 1941 г. го води со 390 лица.[4]

За време на бугарската окупација во 1943-1944 г. кмет на селото бил Ангел Мантарлиев од соседното село Мантар.[12]

Повеќе информации Име, Грчки ...
Remove ads

Население

Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Личности

  • Андон Ангелов Порлиданов — револуционер, деец на ВМОРО и ВМРО, преселен во Петрич во 1923 г.[15]
  • Гого Дереџиев — револуционер, деец на ВМОРО, загинал пред 1918 г.[16]

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads