Радовишта (Населичко)
село во областа Населица, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Радовишта (грчки: Ροδοχώρι, Родохори; до 1928 г. Ραδοβίτσι, Радовици или Ραδοβίστι, Радовисти[2]) — село во Населичко, Егејска Македонија, денес во општината Горуша на Кожанскиот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 27 жители (2021).
Remove ads
Географија и местоположбаж
Селото е сместено во областа Населица, крај патот кој води за Гребен на надморска височина од 730 м. Лежи југозападно од Лапчишта и источно од Жупан.[3]
Во непосредна близина на селото е Цукарев мост.
Историја
Во Отоманското Царство
Во XIX век Радовишта било грчко село во Населичката каза на Серфиџенскиот Санџак.
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900, во Радовишта живееле 366 Грци.[4] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Радовишта (Radovichta) има 325 Грци под патријаршијата.[5]
Според статистиката на грчкиот конзулат во Еласона, во 1904 г. во Радовишта живееле 150 Грци христијани.[6]
Во Грција
По Балканските војни во 1913 г. селото е припоена кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата година во Радовишта се запишани 471 жители, кои во 1920 г. се намалиле за 316 лица.[3]
Во 1928 г. во селото живееле 344 лица. Истата година македонското име на селото му било сменето во Родохори.[3]
Remove ads
Стопанство
Населението произведува жито, компири и други земјоделски производи. Во помала мера е застапено и сточарството.[3]
Население
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Културни и природни знаменитости
- Цукарев мост — стар камен мост кај селото
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads