Радуништа (Гребенско)

село во Гребенско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Радуништа (Гребенско)
Remove ads

Радуништа или Радосиништа (грчки: Μέγαρο, Мегаро; до 1927 г. Ραδοσίνιστα, Радосиниста[2]) — село во Гребенско, Егејска Македонија, денес во општината Гребен на Гребенскиот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 370 жители (2011).

Кратки факти Радуништа Μέγαρο, Земја ...
Remove ads

Географија и местоположба

Селото е сместено на подножјето на планината Смолика, околу 15 км западно од градот Гребен, на надморска височина од 980 м.[3]

Историја

Во Отоманското Царство

Црквата „Св. Атанасиј“ е изградена во XIX век.[4]

Во XIX век Радуништа било грчко село во Гребенската каза на Серфиџенскиот Санџак.

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900, во Радуништа живееле 400 Грци.[5]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Радуништа се води како чисто грчко село во Гребенската каза на Серфиџенскиот санџак со 65 куќи.[6]

Според грчка статистика од 1904 г. во Радуништа живееле 340 Грци христијани.[7]

Во Грција

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 745 жители. Нивниот број во 1920 г. се намалил на 694.[3]

Во 1927 година, името на селото било променето во Мегаро (Μέγαρο).

Remove ads

Стопанство

Населението произведува жито, тутун, компири и други земјоделски производи. Во помала мера е застапено и сточарството.[3]

Население

Во пописот од 1913 година, селото било забележано со 745 жители, во 1920 година со 694 жители, во 1928 година со 809, во 1940 година со 981, во 1951 година со 856, во 1961 година со 809, во 1971 година со 653, во 1981 година со 622, а во 1991 година со 581 жители. Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Remove ads

Самоуправа и политика

Во 1918 година, селото станало самостојна општина, а атарот на општината опфаќал површина од 18 квадратни километри.[3] Општината Радуништа била приклучена во општината Чирак во 1997 година, која била укината во 2011 година и станала дел од поголемата општина Гребен.

Селото припаѓа на општинската единица Чирак со седиште во истоименото село, која припаѓа на поголемата општина Гребен, во округот Гребен. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Радуништа, во кој е единствено село.

Remove ads

Културни и природни знаменитости

Цркви

  • Црква „Св. Атанасиј“ — изградена во XIX век[4]

Личности

Родени во Радуништа

  • Атанасиос Гумас (1875 - 1957) — грчки андартски капетан
  • Лукас Кокинос (1878 - 1913) — грчки андартски капетан

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads