Радња

село во Општина Кавадарци From Wikipedia, the free encyclopedia

Радњаmap
Remove ads

Радња — село во Општина Кавадарци, во околината на градот Кавадарци.

Кратки факти
Remove ads
Remove ads

Географија и местоположба

Селото се наоѓа во областа Бошава, на северните падини на планината Кожуф.

Историја

Во XIX век селото било дел од Тиквешката каза на Отоманското Царство.

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Радња живееле 370 жители, сите Македонци.[2]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 400 Македонци.[3]

Селото е иселено и според пописот од 2002 година, во селото немало жители.[4] Истото било потврдено и на пописот од 2021 година.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[5]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[6]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]

Родови

Радња е македонско село.

Според истражувањата од почетокот на 1920-тите, родови во селото се:

  • Доселеници: Велковци (7 к.) и Пројчевци (2 к.) доселени се во почетокот од XIX век од мариовското село Полчиште. Таму се викале Татаровци; Стребреновци (12 к.) доселени се кога и претходниот род, исто така од Мариово, но од селото Градешница; Лесковци (7 к.) потекнуваат од браќата Митре и Милко. Они се доселиле на почетокот од XIX век од мегленското село Лесково; Алчиновци (6 к.), Весковци (2 к.), Самарџијовци (1 к.) и Кантарџијовци (4 к.) доселени се на почетокот од XIX век од маривското село Рожден, само последниот род е доселен малку подоцна; Златевци (3 к.) и Дановци (1 к.) доселени се на почетокот од XIX век од некое село во Мариово; Мишовци (3 к.) и Ѓешовци (2 к.) доселени се на почетокот од XIX век од селото Пожарско кај Воден; Поповци (2 к.) доселени се од селото Корешница; Родевци (2 к.) доселени се од селото Родево кај реката Кара Азмак; Ристовци (1 к.), Ѓошевци (1 к.) и Мурџевци (1 к.) сите се доселени од селото Зборско; Баовци (1 к.) доселени се од селото Баово во Меглен; Темелковци (1 к.) и Трајановци (1 к.) доселени се од селото Стрмашево; Петревци (2 к.) доселени се од селото Ума, Гевгелиско; Бошковци (2 к.) доселени се од селото Драчевица; Тапанџиовци (1 к.) и Крстевци (1 к.) доселени се од селото Бохула; Марини (1 к.) и Чала Костовци (1 к.) доселени се од селото Барово.[9]
Remove ads

Личности

Личности родени во Радња:

Remove ads

Културни и природни знаменитости

Цркви
Археолошки наоѓалишта[10]

Наводи

Надворешни врски

Loading content...
Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads