Рамна (Кожанско)

село во Кожанско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Рамна (Кожанско)
Remove ads

Рамна (грчки: Ρύμνιο, Римнио) — село во Кожанско, Егејска Македонија, денес во општината Кожани на истоимениот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 115 жители (2021).

Кратки факти Рамна Ρύμνιο, Земја ...
Remove ads

Географија и местоположба

Селото се наоѓа околу 26 км југоисточно од градот Кожани и 16 км југозападно од Серфиџе, на десната страна на реката Бистрица, во близина на Витивјанското Езеро, на надморска височина од 330 м.[2]

Историја

Во Отоманското Царство

Неговото население уште од порано има грчко потекло.[2] Според османлиски дефтер од 1528 г. во Рамна имало 62 домаќинства со 279 жители.[3]

Во XIX век Рамна било грчко село во Серфиџенската каза на Серфиџенскиот Санџак.

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Римнос е претставено како чисто грчко село во Серфиџенската каза на Серфиџенскиот санџак со 13 куќи.[4]

Според статистиката на грчкиот конзулат во Еласона, во 1904 г. во Римнио (Ρύμνιο) живееле 70 Грци христијани.[5] Во 1910 г. Атанасиос Халкиопулос напишал дека во селото Рамна има 70 Грци.[6]

Во Грција

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година тоа броело 60 жители, кои во 1920 г. се зголемиле на 64 лица. Во 1924 г. по потпишувањето на Лозанскиот договор во селото се населиле 37 семејства (вкупно 136 бегалци), така што селото станало мешана населба.[2]

Повеќе информации Име, Ново име ...
Remove ads

Стопанство

Селото е прилично богато, бидејќи располага со плодни обработливи површини. Населението произведува жито, тутун, пченка, компири и други земјоделски производи, а делумно развиено е икраварството.[2]

Население

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика

Во 1931 година, селото станало самостојна општина, чиј атар зафаќал површина од 12 квадратни километри.[2] Општината Рамна била приклучена во општината Калјани во 1997 година, која била укината во 2011 година и станала дел од поголемата општина Кожани.

Селото припаѓа на општинската единица Калјани со седиште во истоименото село, која припаѓа на поголемата општина Кожани, во округот Кожани. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Рамна, во кој е единствено село.

Remove ads

Културни и природни знаменитости

Цркви

  • Црква „Св. Атанасиј“ — изградена во XVI век
  • Црква „Успение на Пресвета Богородица“

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads