Рамна (Кукушко)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Рамна (грчки: Μονολίθι, Монолити, до 1927 Ράμνα, Ра̀мна)[2] — село во Општина Кукуш во Кукушкиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.
Remove ads
Географија и местоположба
Селото се наоѓа на 19 километри северно од градот Кукуш, на неколку километри од грчко-македонската граница, во близина на североисточниот брег на Дојранското Езеро. Селото се наоѓа на надморска височина од 389 метри.
Историја
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Алексово имало 206 жители, од кои 106 Турци и 100 Македонци[3][4].
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 168 жители, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 195 жител. Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд, додека муслиманското население било принудено да си замине од селото. Во 1926 година, селото било преименувано во Монолити.[5]
Remove ads
Демографија
Во 1928 година селото било чисто бегалско со 165 жители бегалци.[6], додека во 1940 година селото броело 244 жители.
Селото во пописот од 1951 година броело 208 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 216 жители, во 1971 година имало 89 жители, во 1981 година имало 37 жители, додека во 1991 година имало 60 жители[7]. Денеска, населението на селото е 321 жител според пописот од 2001 година.
Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Личности
- Родени во Рамна
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads